ПичПрич гала вечер - фотографии

03.10.2021 16:07
ПичПрич гала вечер - фотографии

Раскажувачките Елена Гаговска, авторка на феминистички текстови и авторка, радио водителката Маја Казакова, топ моделот Катарина Ивановска, новинарката Ивана Смилевска и филмската критичарка и новинарка Марина Костова на гала вечерта на ПичПрич ги споделија своите приказни поврзани со темата „Љубовни писма“.

Ова издание на вечерта на раскажување женски приказни се одржа на отворено во Куршумли ан, пред многубројна публика.

Еден од најстарите и најтрадиционалните начини на додворување се љубовните писма, но дали се тие секогаш љубовни? Како овој вид комуникација се трансформираше во дигиталната ера? се неколку од прашањата за кои зборуваа раскажувачките.

Модераторки на настанот беа Румена Бужаровска и Ана Василева.

Погледнете ги фотографиите од вечерта видена низ објективот на Ванчо Џамбаски.

Повеќе фотографии погледнете тука

Фотографии: Ванчо Џамбаски

Слични содржини

Општество / Активизам / Фотографија

ОкоБоли главаВицФото