Каде сме живееле ние до вчера? Во некои други општини, во некоја друга земја, на некоја друга планета?

05.10.2021 12:38

Што си мислат партииве, и од власта и од опозицијата, кога ветуваат брда и долини во изборната кампања? Каде сме живееле ние до вчера? Во некои други општини, во некоја друга земја, на некоја друга планета? Па одеднаш пред локални избори сме се створиле тука, сме се разбудиле едно сабајле и од билбордите со фотошопирани ликови и спотовите на телевизија ќе поверуваме дека нашата општина ќе биде најубавата во свет. Баш со тие фотошопираните од раскрсниците и патиштата.

Горан Михајловски, СДК, 01.10.21.