Лист и Мекмилан се добитници на Нобеловата награда за хемија

06.10.2021 12:47
Лист и Мекмилан се добитници на Нобеловата награда за хемија

Бенџамин Лист и Дејвид Мекмилан се добитници на овогодишната Нобелова награда за хемија поради развојот на асиметричната органокатализа, прецизна нова алатка за молекуларна конструкција.

Научниците долго време мислеа дека постојат само два вида катализатори – метали и ензими. Лист и Мекмилан ја добија наградата затоа што во 2000-тата година, независно еден од друг, развија трет тип катализатор, наречен асиметрична органокатализа. Нивниот пронајдок денеска има големо влијание во фармацевтските истражувања и поеколошката хемија.

„Многу области и индустрии се зависни од можноста на хемичарите да создаваат молекули кои можат да се формираат од еластични и долготрајни материјали, да зачувуваат енергија во батерии или пак да го следат прогресот на болестите. За оваа работа неопходен е катализатор, супстанци кои ги контролираат и забрзуваат хемиските реакции, без да бидат дел од финалниот производ. На пример, катализаторите во автомобилите ги претвораат штетните супстанции од издувните гасови ги претвораат во безопасни молекули. Нашите тела исто така содржат илјадници катализатори во форма на ензими, кои ги чистата молекулите неопходни за живот“, стои во соопштението на Нобеловиот комитет.

Лист е професор на Институтот за хемија „Макс Планк“ во Германија, додека Мекмилан работи на Универзитетот Принстон во САД.