Фотографии од шестиот фестивал „Друга приказна“

06.10.2021 16:34
Фотографии од шестиот фестивал „Друга приказна“

 

Годинава 2021 книжевниот фестивал „Друга приказна“ првпат траеше само два дена и немаше гости од странство. Едната причина е јасна, ковидот; втората исто така им е јасна на поупатените: во земјава подолго време нема пари за живата, активна, полетна, продуктивна култура. Скудните пари главно се наменети за мртвиот и одамна надминат бирократски апарат во сферата на културата. Тој апарат одвојува ронки за последните остатоци на некаков културен живот во земјава. Епидемијата само дополнително ги заостри ионака многу лошите состојби.

Јасно е дека сегашната ситуација води во пропаст, но јасно е и дека никого не го боли глава за тоа. Се смета: и поважни работи во земјава се уништени (јавното здравство, на пример), па зошто би лелекале над руинираната сфера на културата. Поплакувачите дури имаат и морален проблем: дали имаме право да се жалиме за недостоинствениот културен живот во општество каде што голиот човечки живот не вреди ни две пари?!

Други, пак, сметаат дека културата и образованието токму се средиштето на секој систем и секое општество.

За тоа кој бил во право, логично и традиционално, ќе решаваат оние што ќе ги преживеат сегашниве премрежиња.

Во продолжение одново за живата, врвна култура, низ директни примери: претставуваме четириесетина мајсторски фотографии на Јелена Белиќ (која веќе неколку години ја проследува  „Друга приказна“) од првиот ден на фестивалот кој се одржа на 1 и 2 октомври во Пионерскиот дом „Карпош“ во Скопје.

(Редакција „Друга приказна“)

ОкоБоли главаВицФото