Абдулразак Гурна е добитник на Нобеловата награда за литература

07.10.2021 13:03
Абдулразак Гурна е добитник на Нобеловата награда за литература

Британскиот писател, роден во Занзибар, Абдулразак Гурна е добитник на Нобеловата награда за литература за 2021 година.

Нобеловиот комитет соопшти дека наградата ја добива за „бескомпромисното и сочуствително навлегување во ефектите на колонијализмот и судбината на бегалците кои се наоѓаат во бездната помеѓу културите и континентите“.

Посветеноста на лауреатот кон вистината и неговата аверзија кон поедноставување се впечатливи, се наведува во соопштението.

Неговите романи избегнуваат стереотипни описи и отвораат поглед кој културната разноликост на источна Африка, непозната на многумина во другите делови од светот.

„Во неговиот книжевен универзум сѐ се менува – сеќавањата, имињата, идентитетите. Бескрајното истражување водено со интелектуална страст присутно е во сите негови книги, а подеднакво истакнато е и во „Afterlives“ (2020), како кога почна да пишува како 21-годишен бегалец“, наведоа во текот на прес-конференцијата.

Абдулразак Гурна објави десет романи и бројни кратки приказни. Проблемот на бегалците како тема се провлекува низ неговите дела. Почна да пишува како 21-годишник во егзил, и иако свахили му е прв јазик, англискиот му стана негово книжевно орудие, соопшти денеска Шведската кралска академија.

Гурна е роден во 1948 година во Занзибар во муслиманско, арапско семејство. Во 1968 година, бега од антиарапски настроениот Занзибар и заминува во Велика Британија, каде се школува.

 

ОкоБоли главаВицФото