Лековитите цвеќиња на Либан

08.10.21 15:08

Цвет на шипинка, рогат афион и африкански трн растат од остатоците на куќите и урнатините во Бејрут, тие се дел од серијата мурали насловени „Лековити цвеќиња“ од уметницата Faith XLVII. Оваа јужноафриканска авторка во текот на септември го посети Бејрут и како дел на уметничката група „Персона“, во рамки на проектот на невладината организација „Art of Change“, која преку уметничките дела на јавен простор протестира и поттикнува промени, изработи мурали со лековити цвеќиња што никнуваат од урнатините.  

Спротивставени на грубиот пејсаж, „лековитите цвеќиња на Либан нè водат по кршливите места во Бејрут, трасирајќи ги минатите и сегашните лузни врежани во градот“

Извор: thisiscolossal.com

ОкоБоли главаВицФото