Спам

08.10.2021 14:57

Понекогаш го отворам фолдерот со спам и бавно читам: Незаборавно лето во Сицилија или Тоскана. Дао курс. Сеќавања од утробата. Are you looking for an affair, прашува некоја си Sabrine. Баш во вистинското време затоа што тукушто дознавам дека сум добил милион фунти.

За кратко минувам на официјалната пошта: Го чекаме вашиот есеј. Ви истекува автомобилското осигурување. Последна опомена. Ќе одделите ли малку време за ракописот на еден непознат автор?

А, не, се враќам во спамот. Два света. Во едниот ме канат во Сицилија, жените умираат по мене, мојот мејл добива милиони, катарски наследници сакаат да ми префрлат нечии пари... утроби... ашрами... дао... Другиот – работа, неплатено осигурување и ракописи што чекаат.

Претпоставувам дека кога ќе умреме, одиме директно во спамот. Што најверојатно е другото име на рајот.

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото