Шпанија ќе им дава на младите по 400 евра за културни содржини

12.10.2021 12:12
Шпанија ќе им дава на младите по 400 евра  за културни содржини

Шпанскиот премиер Педро Санчез најави дека следната година на младите луѓе кои ќе наполнат 18 години ќе им биде доделена културна пропусница во вредност од 400 евра за трошење на културни содржини како книги, настани, билети за кино, пренесува „Ал Џазира Балканс“.

Санчез објасни дека мерката ќе го подобри пристапот на младите до културата, истовремено помагајќи и на шпанската културна индустрија која финансиски настрада за време на пандемијата со Ковид-19.

„Тоа е како подарок за 18-ти роденден и би ми било драго да го потрошат на опера или концерт на класична музика“, објасни министерот за култура Микел Исета.

Најавата за пропусница за култура доаѓа неколку дена по објавувањето на државната програма за домување, со која на луѓето на возраст од 18 до 35 години со средни примања ќе им овозможи месечен попуст од 250 евра за нивната кирија.

И Италија и Франција најавуваат слични мерки, но Шпанија ќе ги воведе прва. 

Извор: balkans.aljazeera.net