Viola arsenica; белешки за поезијата

13.10.2021 15:48
Viola arsenica; белешки за поезијата

 

Вчера, во Младинскиот културен центар се одржа промоцијата на „Viola arsenica; белешки за поезијата“ од Влада Урошевиќ, во издание на издавачката куќа Готен. За книгата зборуваа Владимир Мартиновски, а извадоци чита Ана Голејшка-Џикова и Иван Шопов.

„Viola arsenica; белешки за поезијата“ e книга во која авторот ги искажува своите сфаќања за поезијата и поетската уметност, а се состои од извадоци од негови есеи, разговори, интервјуа, говори, автобиографски текстови, поговори. Во книгата се опфатени записи од целиот творечки живот на Урошевиќ. Првите текстови датираат од 1959 година, а некои од последните текстови се напишани непосредно пред излегувањето на книгата. Промоцијата се одржа во рамки на фестивалот на европската литература „Букстар“.

Фотографиите во прилог се на Небојша Гелевски.













































 

Слични содржини

Фотографија / Книжевност / Настан / Фото / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Око
Фотографија / Спорт / Око
Фотографија / Психологија / Око
Јавни простори / Фотографија / Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото