За мајките што бараат мир во тоалетот

13.10.2021 17:23

Таа не се моли никому, само сака да заработи доволно време за да го направи лебот, да го сошие џебот, да го намести ѕидот и да го продолжи видот со двете очи вперени во иднината

а со опашка полни рецки минато

таа не влегува во беспредметни расправии со политиката, не сака да и влегуваат во реториката и се држи цврсто за спознајното и длабокото во јазикот, формата и телесните мориња што солено брануваат.

Таа често чека да се препороди, преобликува и како лава од вулкан ги топи сопствените делови

Како вулканизер ги лепи чадот и експлозивот на своите дојки

како компресор врти силни бројки

Казанчето се претвори во полица од библиотека

„се молам аман никој пред вратата да не ме чека“.

Таа е во квадрат и квадар и коцкаст кадар

Огледалото е единствениот одраз без образ.

Таа има време за себе.

Во тоалетот.

Во летот

кон празнина.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото