Одри Лорд - преведување на оснажувачкото еротско

17.10.21 16:34


Под насловот „Опсежноста на смислите на оснажувачкото еротско“ се одржа преведувачка работилница во која преведувачките Грација Атанасовска и Душица Лазова споредбено разгледуваа препеви на песни на американската поетеса Одри Лорд. Разговорот го модерираше Селма Асотиќ.

Со оваа епизода започна вториот дел од третата сезона на емисијата за книжевност Inside/Out

Inside/Out се стреми кон поврзување на регионалните книжевности и практики преку разгледување на заедничкото. Емисијата е производ на желбата да се понуди отпор кон отуѓеноста и да го промовира разбирањето на различностите меѓу земјите од екс-Југославија, обновувајќи го некогашното единство преку јакнење на сестринските, лево ориентираните и анти-хетеро-патријархални другарства.

Овде можете да ја видите ПРОГРАМАТА за остатокот од сезоната. 

На Јутјуб видеото се достапни титли на македонски. 

Душица Лазова е дипломирана англистка и студентка на втор циклус студии на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје, на програмата Наука за книжевност и културолошки студии. Таа работи како авторка на содржини, преведува за невладини огранизации и фестивали од областа на културата, родовата еднаквост и квир политиките (Heinrich Böll Foundation, Tiiiit! Inc., Skopje Pride Weekend, MakeDox). Од неодамна е ко-уредничка на феминистичката платформа Медуза, а работи и како демонстраторка на Катедрата за англиски јазик и книжевност од учебната 2020/2021;

Грација Анастасовска има дипломирано на Катедрата за општа и компаративна книжевност, а моментално ги завршува своите мастер студии по книжевност и култура на Универзитетот во Потсдам, Германија. Грација работи како фриленсерка (copywriter и за филмски фестивали како Македокс и Браќа Манаки), а во останатиот дел од времето обожава да преведува поезија и проза, да пишува, и да чита современа книжевност, особено квир и феминистички автори и теми, но и хибридни книжевни жанрови.

 

**Поврзано: „Меѓу должноста и креативноста: Преведувањето како авторство и искуство“ од Ана Илиева

 

Сезоната ја реализираат Коалиција МАРГИНИ, порталот за култура OKNO.mk и мрежата Побунети читателки (Pobunjene čitateljke) од Србија. Редакцијата на третата сезона на Inside/Out ја сочинуваат: Мања Величковска, Борисав Матиќ, Фросина Крушкаровска и Наѓа Бобичиќ.

Inside/Out - Онлајн емисија за македонската феминистичка и квир книжевност е финансиски поддржана од Регионалната мрежа за културна разноликост (READ) и од Европската унија. Содржината на емисијата претставува единствена одговорност на Pobunjenе čitateljkе и Коалиција МАРГИНИ и не нужно ги претставува ставовите на донаторите.

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото