Работа

20.10.2021 11:32

Злосторниците штотуку го кренале во воздух мостот над
Естакада
Вагоните горат на дното од долината
Ранетите пливаат во врелата вода што ја испушта распорената
локомотива
Живи факли трчаат помеѓу остатоците и изблиците на пареа
Другите вагони се останати да висат на 60 метри над почвата
Луѓе со електрични и ацетиленски ламби слегуваат по патеката
кон долината
И помошта се организира со една молчалива забрзаност
Под покривот од трски шамак и врби барските птици
прават едно убаво безредие
Зората уште не зазорила
А ете ја веќе екипата од стотина дрводелци повикани по телеграф
и дојдени со специјален воз како почнуваат
да го поправат мостот
Пам пам пам
Подај ми ги шајките

Превод: Влада Урошевиќ

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото