Спомениците како психијатриска терапија

05.01.2011 11:35
Спомениците како психијатриска терапија

Дали Скопје 2014 е проект којшто перфидно манипулира со уметноста и културата, но и со чувствата на обичните граѓани или, пак, се работи за една исцелителска мисија чии консеквенци сè уште не сме во состојба, не само да ги препознаеме, туку и да ги предвидиме?

Во светската историја примери за манипулирање со уметноста има многу. Тука нема да ги наведам оние познатите, туку ќе наведам еден малку познат пример за кој зборува Славој Жижек, повикувајќи се на еден шпански историчар на уметноста кој пишувал за тоа како модерната уметност може да се користи и во форма на тортура. Имено, се работи за изградбата на повеќе тајни ќелии и соби за мачење во Барселона во 1938, дело на францускиот архитект Алфонс Лауренчич кој, инспириран од Кандиски, Кле, Дали и Буњуел, овие соби за мачење ги исликал под влијание на геометриската апстракција и надреализмот; креветите биле поставени под агол од 20 степени, собите биле сосема исликани и мали, така што затвореникот немал многу простор за движење, единствено можел да зјапа во ѕидовите кои биле искривени и прекриени со халуциногени форми и бои со кои се предизвикува ментална конфузија и стрес. На овој начин архитектот со психоделични тортури го дал својот придонес во борбата против силите на Франко.

На прв поглед се чини дека овој пример е сосема несоодветен за нашиот случај. Кај нас нема ниту трага од револуционерна борба, ниту пак трага од некаква си инспирација од модернизмот, ниту пак уметноста се корити во форма на тортура туку станува збор за една речиси прозаична, „нормална демократска одлука“ на легална демократска власт да финансира споменици во некаков си квази неокласицистичко-империјалистички манир. Но, ако се земат предвид можните ефекти што овие споменици (заедно со останатите предвидени содржини на плоштадот) ќе ги предизвикаат кај граѓаните, а тоа неизбежно се, менталната конфузија и стрес (одеднаш толку многу споменици, толку многу градби, одеднаш толку многу историја, толку многу корени, одеднаш толку многу култура, толку многу религија и сето тоа одеднаш на едно место), тогаш на еден парадоксален начин добиваме ситуација во која два сосема спротивни концепти можат да создадат речиси сосема ист ефект.

Што се случува? Каде се нашите институции? Нашите Заводи за заштита, Музеи, Универзитети, Академии...Каде сме сите ние во сево ова... Или едноставно чекаме да бидеме исцелени? Исцелени, од што?

Повторно ќе реферирам на Славој Жижек. За почеток, може да се размисли околу она што тој го констатира во однос на вечниот проблем – инвестирањето во минатото: дека градењето на споменици не е вистински позитивен однос кон минатото, како што и уништувањето на спомениците од минатото не е вистинска негација на минатото. Според него, тоа е еден „беспомошен passage a l’acte, чиста игра на неуспехот од ослободувањето од минатото. Сите вакви акции се всушност реакции, преземени со цел ништо да не се промени, односно, да не се направат вистинските промени кои му се потребни на општеството“.

Или, ако се повикаме на Борис Гројс , современ филозоф и теоретичар на уметноста, ќе дознаеме дека само во општествата каде уметноста на минатото не е заштитена во музеј, постои некаква смисла, дури тоа може да се смета и за морална обврска, да се остане верен на старото, на традицијата. Повикувајќи се на Клод Леви-Строс, според кого културите без музеи се „ладни култури“, култури кои се обидуваат да го сочуваат недопрен својот културен идентитет со постојаното репродуцирање на минатото (а тоа го прават поради тоа што чувствуваат опасност од заборавот, од комлетното губење на историското паметење), Гројс заклучува дека ако минатото е собрано и зачувано во музеите и архивите, тогаш станува излишно повторувањето на старите стилови, форми, конвенции: но, не смо тоа, туку повторувањето на старото и традиционалното станува и општествено забранета, неисплатлива пракса. Една од најраширените формули на модерната но, и на постмодерната уметност според Гројс не е дека уметникот е слободен да направи нешто ново или дека сè му е дозволено, туку дека веќе е невозможно да се направи нешто старо. Па, дури и старото да се повторува, тоа треба да биде на начин што ќе го истакне контрастот меѓу формата и историската позадина, што ќе направи формата да изгледа поинаку и да биде нова.

Но, кому му се потребни вакви анализи, кому му е потребен Гројс, кому му е потребен Жижек, кога ние си имаме свои мислители-архитекти: така еден од многуте наши автохтони „градежници на македонскиот дух“ смета дека психолошките трауми на луѓето затворени во крајно нехуманите услови во македонските психијатриски болници (инаку актуелно прашање) се резултат на еден објективен проблем, имено на невозможноста тие да се препознаат, да се доживееат како припадници на една јасно одредана национална заедница со цврсто дефинирани корени во минатото.

Поради невозможноста да се идентификуваат во минатото тие не можат да се идентификуваат ниту во сегашноста.

Оттаму, може да се заклучи дека Скопје 2014 не е само враќање кон сопствените корени, не е само славење на нашата историја, туку и општествено-економска-социјално-културно-психолошка терапија со којашто ќе се избришат трагите на нашиот трауматичен национален дисконтинуитет. А тоа, по некоја логика, би требало да значи дека во иднина плоштадот ќе стане место за генерирање на едно здраво, самозадоволно, самопрепознатливо, самоисполнето, самоидентично општество, општество во кое психијатриските болници ќе станат сосема излишни.

Извор: Глобус, 25.5.2010

Слики: Џоел Рија

Цитат: одеднаш толку многу

Цитат:

одеднаш толку многу споменици, толку многу градби, одеднаш толку многу историја, толку многу корени, одеднаш толку многу култура, толку многу религија и сето тоа одеднаш на едно место

Затворен цитат.

Е па доста ни беа 60 години премалку од тие работи благодарение на твоите камаради.

А бе камарад, не мора да

А бе камарад, не мора да пишуваш каков е цитатот има еден знак - „“ - наводници се вика, ама не знам дали го имало во древното време кога вие Македоноидите одевте на училиште, пред да дојдат проклетите Македонци - комуњари.

Така е, Вселенец, вие

Така е, Вселенец, вие Северномакедонците ја измисливте и северномакедонската интерпункција.

А не анонимен пријателе, јас

А не анонимен пријателе, јас сум си Македонец и си пишувам со македонска интерпункција, а вие бугарофилите, србоманите, македоноидите, југословените од ДПМНЕ пишујте си како сакате.

ОкоБоли главаВицФото