1028 hPa
35 %

12 °C
Скопје - Нед, 09.02.2025 14:59
СДСМ за 4 години успеа да ја уништи сопствената партија во историски поволна ситуација на апсолутна власт, по режим и со огромна меѓународна поддршка. Успеа да ги отуѓи неопределените и независните, да ја нормализира ВМРО, да го спаси ДУИ и да си накалеми трета опција. Нема да навлегувам детално во причините за тоа, повеќе од јасни им се на сите. „Трите К“ - Криминалот, Корупцијата и Клиентелизмот, различни во формата, но многу слични во суштината со режимот, си го направија своето. Промената на името верувам дека беше метаболизирано од електоратот, но за сметка на тоа, катастрофалните потези и изјави околу Бугарија, отворија нов револт кон владата. Лошото менаџирање на ковид кризата, неприфаќањето на никаква одговорност и катастрофалните кадровски политики, заедно со лажните реформи и лажниот наратив за економски и европски напредок, само ја зацементираа разочараноста во власта.
Ивор Мицковски, Дојче Веле, 22.10.21.