Менија

22.10.2021 10:16

I
Џигер од зелена желка полнет со печурки
Јастог на мексикански начин
Фазан од Флорида
Игуана во карипски сос
Пржени бамји и пупки од палма

II
Лосос од Црвена Река
Шунка од канадска мечка
Розбиф од прериите на Минесота
Чадени јагули
Домати од Сан Франциско
Англиско светло пиво и калифорниски вина

III
Лосос од Винипег
Овча шунка на шкотски начин
Јаболка „Royal-Canada“
Стари француски вина

IV
Остриги од Нормандија
Салата од речни ракови и срцевина од целер
Француски полжави посипани со ванилин-шеќер
Пиле од Кентаки
Десерт кафе виски „Canadian club“

V
Саламурени перки од ајкула
Мали мртвородени кучиња варени во мед
Оризово вино со темјанушки
Крем од ларви на свилени бубачки
Солени дождовни црви и алкохол од коренот на
стеблото што ги дава бобинките на црн пипер
Слатко од морски алги

VI
Конзерви со говедско од Чикаго и германски салами од
усолено месо
Јастог
Плодови од ананас гојава јапонски мушмули кокосови ореви манго
прелеани со јаболков ликер
Плодови од лебно дрво печени во фурна

VII
Супа од желка
Пржени школки
Мечкина шепа полнета со печурки
Јастог на јавански начин

VIII
Гулаш од речни краби со лути пиперки
Печено прасешко со пржени банани
Еж зачинет со мирисливи бобинки од Мадагаскар
Овошје

Превод: Влада Урошевиќ

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото