1022 hPa
81 %
6 °C
Скопје - Чет, 14.11.2024 03:59
Краткиот документарен филм „Портрет на Њујорк на работ“ (A portrait of NYC on the edge) ги прикажува неименуваните жители и поинакви слики од рабовите на градот. Годината е 2020 година, во екот на пандемијата, а заслепувачкиот полициски рефлектор ги фаќа луѓето што го живеат своето секојдневие. Од гледна точка на прозорецот на задното седиште, режисерот Матви Фикс (Matvey Fiks) го насочува својот објектив кон надворешниот свет и ја презема улогата на случаен и недобредојден сведок.
Насловот на филмот е земен дебитантскиот соло албум на Мејсон Линдал (Mason Lindahl), насловен „Kissing Rosy in The Rain“, што е и музика за филмот. Патролирачката камера на Фикс и акустичната гитара на Линдал се спојуваат во меланхолична мелодија, создавајќи поетска слика што резонира со пандемијата и нејзината атмосфера.
Извор: nowness.com