Петар Андоновски: Однатре креативниот процес

24.10.21 13:05

Во овој разговор Петар Андоновски дава увид во својот процес на пишување. Раскажува за начинот на кој ги оформува своите наративи, за трансформациите низ кои тие минуваат пред финалната верзија, за своите пишувачки ритуали.

Тој се осврнува и на постојаното присуство на квир елементите во неговите романите, на различните културолошки разбирања на делата, на  потребата од критичност и совети за младите автор(к)и.  

Емисијата има за цел да го разјасни креативниот процес и ја промовира книжевноста како работа која е девалвирана во нашето општество, а заслужува рамноправен третман помеѓу професиите. Третата сезона на Inside/Out е посветена на македонската книжевна сцена која се занимава со феминистички и квир промислувања.

Претходно во оваа сезона на Inside/Out за својот креативен процес зборуваше и Румена Бужаровска (линк до разговорот).

На Јутјуб видеото достапни се титли на македонски.

Петар Андоновски е автор на книгите: Ментален простор (поезија, 2008), Очи со боја на чевли (роман, 2013), Телото во кое треба да се живее (роман, 2015), Страв од варвари (роман, 2018), Лето во кое те нема (роман, 2020). Добитник е на наградите Роман на годината на Утрински весник за романот „Телото во кое треба да се живее“ и на Европската награда за литература за романот „Страв од варвари“.

Ајнур Касо дипломирала на Катедрата за англиски јазик и книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ, каде сега работи на својот магистерски труд, стекнувајќи се со вештини што ќе придонесат во изучувањето на англискиот како странски јазик. Секојдневно ги користи и преведува од и на турски, македонски и англиски јазик и честопати ги меша јазиците додека сонува. Нејзино поле на истражување и интерес е феминистичката научна фантастика.

Досегашните емисии може да ги погледнете овде

Сезоната ја реализираат Коалиција МАРГИНИ, порталот за култура OKNO.mk и мрежата Побунети читателки (Pobunjene čitateljke) од Србија. Редакцијата на третата сезона на Inside/Out ја сочинуваат: Мања Величковска, Борисав Матиќ, Фросина Крушкаровска и Наѓа Бобичиќ.

Inside/Out - Онлајн емисија за македонската феминистичка и квир книжевност е финансиски поддржана од Регионалната мрежа за културна разноликост (READ) и од Европската унија. Содржината на емисијата претставува единствена одговорност на Pobunjenе čitateljkе и Коалиција МАРГИНИ и не нужно ги претставува ставовите на донаторите.

ОкоБоли главаВицФото