1009 hPa
94 %
15 °C
Скопје - Пет, 11.10.2024 05:59
Со сите сили се опирав на намерата на татко ми Илија да ме испрати да учам гимназија во Прага, главниот град на поранешна Чехословачка. Тетин ми беше аташе за култура во амбасадата на поранешна Југославија и тој и тетка ми му предложиле на Илија да ме испрати кај нив, зашто куќата во Скопје ни беше оштетена во земјотресот 1963-та толку што во неа не можеше да се живее. Во еден белградски комисион Илија ми купи фармерки „левис“, во конфекцијата „Клуз“ ми одбра костум и ме качи на воз. Моето знаење за земјите на советскиот блок беше ограничено, но ме плашеше тоа што рокенролот беше забранет. Ме плашеше и тоа што, освен чешки, ќе треба да учам и руски јазик. Третиот ден по пристигнувањето, почна учебната година. Од првиот ден се чувствував како црна овца. Директорот на елитната гимназија ми забрани да доаѓам на часови во „левиските“, се степав со еден Бугарин кој седеше две клупи пред мене, моето знаење англиски ја обеспокојуваше класната која ни предаваше руски и чешки, а соучениците ми завидуваа. Првиот месец дури и не забележав колку е убава Прага. Седев дома и со речник читав еден руски и еден чешки историски роман. Наизменично, за да не избудалам. Вториот месец, мојата осаменост и изолација беа надминати. Фармерките, „бајадерите“, американските цигари што му ги крадев на тетин ми и првата лонг плејка на „Битлси“ ми ги отворија вратите на „подземната“ Прага во која се слушаше и свиреше рокенрол и ритам и блуз. „Бајадерите“ ми обезбедуваа билети за алтернативните театри „Седум мали сцени“, за премиерите на првите филмови на Форман и другите мајстори на „прашката школа“, во најдобрата книжарница ми ги чуваа под тезга првите книги на Кундера, Вацулик и Храбал, ја гледав праизведбата на Хавеловата „Забава во градината“, бев на журката кога беше уапсен и протеран битникот Ален Гинзберг, ги читав списанијата „Литерарњи новини“ и „Пламен“. Ја имав исклучителната привилегија да бидам сведок на прометејскиот придонес на чешката култура за она што подоцна ќе стане познато како „Прашка пролет“, од советските тенкови задушениот обид да се изгради „социјализам со човечко лице“. Прага, чешкиот јазик и култура беа мојата најважна школа.
Ниту во шеесеттите години, ниту кога ми ја забранија претставата во 1977 година и ме протераа од Чехословачка, ниту кога во 1993 година побарав од претседателот Хавел да ја признае Македонија под уставното име, никогаш не ми паѓаше на ум дека, речиси пет децении по стапнувањето на перонот во Прага, знаењето на чешкиот јазик ќе ми притреба за да исчитам здодевни и заплеткани катастарски и нотарски документи од кои се гледа дека фамилијата која владее со мојата татковина во најсуровата фаза на „транзицијата без човечко лице“ ја сфаќа Чешка како резервна татковина.
Прочитав дека Надежда Груева (некои тврдат дека пензионерката има неколку стана во Скопје) е содружник (со 100% платено учество) во фирмата „Нов Јенштејн“, која пак е инвеститор и член на конзорциумот „ДЕВО ИНВЕСТ“. Фирмата ја огласува втората етапа од резиденцијалниот проект НОВ ЈЕНШТЕЈН на работ од источниот дел на главниот град Прага, во општината Јенштејн, богата со урбанистички вредности и историја. Јенштејн е готски замок основан во 14 век. Прочитав и дека првата етапа на проектот се состоела од 140 семејни куќи и апартмани со гаражи и паркинзи и била завршена пролетта 2007 година.
Прочитав и нотарски запис дека трговското друштво Сервис Поинт ММ, со седиште во Прага 4, Михле, Јемницка 345/5, одржало собрание на 16 ноември 2009 година.
Собранието едногласно ја одобрило делбата на трговскиот влог во основачкиот капитал на содружникот Сашо Мијалков во износ од 9.827.000 чешки круни (околу 400.000 евра) на два еднакви дела. Едната половина му ја отстапил на Дејан Спаравало, а другата на Војислав Спаравало. Во документите го прочитав и податокот дека адресата на трговското друштво е и прашката адреса на престој на Сашо Мијалков.
Прочитав и дека куповната вредност за првата половина од основачкиот капитал во вредност од 4.914.000 чешки круни изнесува 13.500.000 чешки круни (околу 500.000 евра), кои Војислав Спаравало требало да му ги исплати на Сашо Мијалков најдоцна шест месеци по потпишувањето на спогодбата на сметката во една банка во Чешка. Значи, најдоцна на 10 јуни 2010 година. Иста таква спогодба Сашо Мијалков има потпишано со Дејан Спаравало. Во неа има една грешка, очигледно резултат на брзање при пермутациите на компјутерски напишаниот текст, но, сепак, произлегува дека на сметката на Сашо Мијалков најдоцна до 10 јуни 2010 година требало да легнат приближно 1.000.000 евра.
А од што се состоел имотот на трговската фирма на друштвото Сервис Поинт ММ, чии содружници од 12 декември 2009 година се браќата инженери Дејан и Војислав Спаравало? Од основен капитал во вредност од 9.927.000 чешки круни кои се влог на двајцата содружници. Но, и од неготовинскиот влог на Сашо Мијалков, кој се состои од пет парцели заведени во катастарот на Прага, а проценети на 3 февруари 2003 година на вредност од 9.827.000 чешки круни. Да не се изгубив во преводот? Или во операцијата со која се покриваат трагите?
Последниот документ е нотарски запис со кој се потврдува дека на 26 април 2010 година браќата Спаравало му ги отстапиле своите половини на некој Фан Хуи Хоа, кој со тоа станал единствен содружник!? Неколку минути претходно, браќата Спаравало (во тој миг единствените содружници) го именувале Виетнамецот Фан Хуи Хоа за претставник на друштвото.
Прочитав и дека директорот на ДБК Сашо Мијалков, потврден патриот, има чешка патна исправа, односно чешко државјанство! Има ли уште држави, освен Македонија, во кои првите контраразузнавачи имаат двојни државјанства?
И, наеднаш, се сетив на композиторот Беджих Сметана и неговата композиција „Мојата татковина“. На чешки, композицијата се вика „Мá власт“. Имено, зборот „власт“ на чешки значи „татковина“. Изгледа дека Мијалков и неговите се на добар пат да ја укинат таа разлика меѓу двата јазика така што „моја татковина“ на македонски ќе значи „моја власт“. Барем дури се тие на власт.
„Шпиц“, 05.01.11.
Слики: Guy Billout
каква кодошка колумна, како
Испратено на 06 јануари 2011 од ЕКЧПкаква кодошка колумна, како во најблескавите моменти на еден УДБАш. Еј па чекај, нели Владимир Милчин беше против законот за лустрација? Интересно.
Одличен текст. Тоа е стално
Испратено на 06 јануари 2011 од roxОдличен текст.
Тоа е стално проблемот со нашиве најјаки патриоти.
Стално ги глеаме се мачат за Македонија вртејќи милиончиња евра со двојни државјанства , софиа,праха виа виетнам. А тоа што некои си имаат станчиња во Праг не глеам што има чудно во тоа. Па кога Љ.Ѓ и Доста Д. најамблематичните и најпатриотските фигури отидоа во родна Софија , зошто некој друг не би отишол нешто посеверно.. па побогу и самиот Александар Македонски отишол у Египет да си го лади а не во селото досадно Скопје.
Па овој Милчин вечи
Испратено на 06 јануари 2011 од ВчудоневиденПа овој Милчин вечи разузнавач од Мијалков човече!
Не е Милчин ни разузнавач, ни
Испратено на 06 јануари 2011 од ВселенецНе е Милчин ни разузнавач, ни кодош, овие документи Љубе Бошкоски ги објави на пресови во неколку наврати, сеа гледам му се заканувале со ликвидација. Ништо не би ме чудело од братјата Мијалкови. Еднаш таму им испративме двајца браќа да ги описменат, а овие веројатно таму ни ги носат парите, битно нешто да се дешава.
Ехх бре Милчине бре, го
Испратено на 06 јануари 2011 од Анонимен 975Ехх бре Милчине бре, го допревте дното значи, еј, интелектуалец како тебе, да си дозволи да биде манипулиран од братот Љубе, онаа тешка будала што заедно со Бранко и Хари Костов го уапсивте и пративте во Хаг, оној дворски шут на кого секогаш кога ќе се појавеше му се смеевте. Но добро, политиката е курва, па така и овие ваши телескопирања лево преку 360 степени на десно. Нема крај ова вашето лицемерие, нема крај на вашите манипулации. Милчин, види вака, ние не сме од вчера, јас лично добро паметам и сега ќе те потсетам, зошто оваа гарнитура ќе владее со Македонија уште долго време. Велам уште долго време бидејќи ве гледам колку сте наивни, колку сте немоќни да се соочите со вистината. Но има надеж, еден ден ќе ви светне сијалицата, но се плашам дека тоа ќе биде малку доцна! Мене ако ме прашуваш, многу подобро за Македонија, значи разликата е огромна, колку е подобро Грујо и фамилијата Мијалкови да владеат со државава, отколку Бранко и Верушевски со син му, онаа ваша фамилија!
Сега ќе цитирам написи од весници, и ти давам шанса сам да процениш! star.dnevnik.com.mk/?pBroj=2735&stID=53156 сабота, 18 март 2006 Верушевски помладиот пак дивеел со пиштол Александар Верушевски, проблематичниот син на заменик-директорот на Дирекцијата за контраразузнавање, извадил пиштол во полно кафуле и им се заканувал на гостите дека ќе пука, завчера еден час пред полноќ, соопшти полицијата. Инцидентот се случил во "Хепи-кафе", во скопската населба Аеродром, на улицата Владимир Комаров. Проблематичниот син на Зоран Верушевски и е познат на македонската јавност по серијата инциденти што ги направи во 2003 година. Тој беше обвинет само за обид за убиство на 19-годишно момче, кое го изрешета со девет куршуми без никаква причина. За претходните два инцидента, кога прободе врсник со нож и прегази пешак, досега не одговарал. (...)
Достоинството, честа и професионалноста не ми дозволуваат да коментирам вакви изјави, одговара министерот за внатрешни работи, Љубомир Михајловски-Џанго, на обвинувањата на разузнавачот Зоран Верушевски изнесени во вчерашниот број на "Утрински весник" дека се води хајка против него и неговиот син од страна на полицијата. "Апсолутно тврдам дека станува збор за една груба и противзаконска концепција на министерот за внатрешни работи Љубомир Михајловски-Џанго за апсење на мојот син. Тоа го потврдуваат и списите во предметот", ни изјави Верушевски, коментирајќи го последното апсење на неговиот син Александар. (...)
Бранко Црвенковски го помилува Верушевски Најверојатно вечерва Александар Верушевски ќе биде пуштен од затвор. Така одлучил претседателот Црвенковски, кој во попладневните часови ја потпишал одлуката за негово помилување. Веднаш потоа таа била испратена до Министерството за правда, каде службите работеа интензивно со цел Александар Верушевски да биде што поскоро ослободен од затвор. Во Министерството за правда не се согласуваат со оваа одлука на шефот на државата. „Индикативна е одлуката на Претседателот на државата за помилување на лицето Александар Верушевски од причини што мислењето на Министерството за правда е негативно, мислењето од управата на затворот во Битола е сосема негативно, што значи дека не се постигнати целите на казнувањето“, изјави Нуман Лимани, државен секретар во Министерство за правда. (...)
Зоран Верушевски тврди дека му подготвуваат атентат Контроверзниот разузнавач Зоран Верушевски повторно ја бранува јавноста. Тврди дека му подготвуваат атентат. Кои се луѓето кои сакаат физички да го ликвидираат разузнавачот Зоран Верушевски? Тој не соопштува имиња и детали. Знае дека постои план за негова ликвидација, а тврди дека има и документација за тоа, добиена од негови полициски извори. Дали ги забележуваш истите методи на делување, подготовки за атентати, аболиција на невино притворени и слични работи?! Овде имаш материјал за тајни сметки во Швајцарски банки, и криминал од убиство до мавање шамари, сето тоа се случува до тебе, а ти Милчине, си запнал за четирите стана, како што велиш дека во некои медиуми пишувало, на баба му на Грујо, и милион евра на Мијалкови. Абе будало, не милион евра, сто милиона нека бидат, ама ова најголемо ЗЛО кое ја уништи Македонија, повеќе никогаш да НЕ се врати во Македонија. ВАШАТА БАГРА АБОЛИЦИРАНИ КРИМИНАЛЦИ И ГЛАВАТА НА КРИМИНАЛОТ ЗАСЛУЖУВААТ ЗАТВОР А НЕ ВЛАСТ !!!!
Анонимен 975, на три места ви
Испратено на 06 јануари 2011 од koljaАнонимен 975, на три места ви го скративме коментарот (без да ја нарушиме неговата смисла и аргументација), оти едноставно беше предолг. Таквиот коментар го нарушува читањето на сите други коментари со својата габаритност. Ве молиме во иднина да испраќате пократки коментари, кои нема да го узурпираат просторот за коментирање и нема да ги малтретираат читателите.
Разбираме, Анонимен 975, дека се докажувате, дека сте работеле за партијата и фамилијата, трпеливо сте собирале исечоци од весници итн. - но објавувајте си ги сознанијата во партиските билтени и на партиските сајтови. Ионака ги контролирате речиси сите медиуми во Македонија. Така што не се сомневам дека целиот ваш труд, во целиот обем и сјај, ќе имате каде да го покажете и да се пофалите.
Башка, и темата сте ја утнале, Анонимен 975. Овде се зборува за можните криминали на власта која владее веќе пет години со Македонија (а Груевски се ближи до десеттата година на власт, а шеста како премиер). Нема ваљда секој обид за критика на сегашнава власт да го спинувате со гревовите на претходната?! Па до кога ќе трае тоа?!
Очекував да бидам цензуриран
Испратено на 06 јануари 2011 од Анонимен 975Очекував да бидам цензуриран и тоа се случи!
Го нема делот за Швајцарските
Испратено на 06 јануари 2011 од Анонимен 975Го нема делот за Швајцарските сметки на БЦ и причините зошто БЦ го помилува синот на Верушевски. Убаво беше среден текстот и само тебе и на таквите како тебе им смета, нормално нели, не е ова прв пат да цензурираш!!! Ама народот се сеќава не заборава така лесно, не замижува како слепец, каков што си ти и баграта твоја!!! Не работам јас за фамилијата па да собирам текстови како што викаш, беднику, доволно е да го гооглаш презимето Верушевски и да ти излезат сите информации!!! Затоа беднику, џабе везете, бидејќи алтернативата што ја предлагате е милион пати по криминална од Грујо и фамилијата!!!! Расчистете со вашите криминалци па повели обвинувај други!!! Се дотогаш, можете само да им се фатите на вмровците, глупчо!!!!
google.com/#sclient=psy&hl=en&q=%D0%92%D0%B5%D1%80%D1%83%D1%88%D0%B5%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B8&aq=f&aqi=&aql=&oq=&gs_rfai=&pbx=1&fp=fb0beceb888e9115
Еве ти повели, читај, читај и памти, ќе те испрашувам!!!!
Центарот за комуникации на
Испратено на 06 јануари 2011 од Преродбеник по логикатаЦентарот за комуникации на ВМРО е малтретиран и цензуриран од Окно! Фамилијата (заедно со многубројните патриотски ама плашливи медиуми) е под тортура на ГЕМ! И целиот ужасно неблагодарен народ и’ се сипал на преродбата и - види молим те! - бараат храна, правда, слобода!
А мислите ли бе, вие европски курви, предавници и платеници, дека на милиот наш пастир парите му се раѓаат на дрва, како листови, и дека оранжада капе од фонтаните?! Сето тоа милиот (Златниот-Црниот, т.е. Малиот-Големиот) крваво го заработил! Сас спинови, лаги&пропаганда! А вие би сето тоа да му го земете, ко да е од татко ви?! Е па не може! Пушите курац!
Батка, Анонимен, смири се.
Испратено на 07 јануари 2011 од Кладилничар (Фан на клади)Батка, Анонимен, смири се. Вриштиш во одбрана на Фамилијата ко душманот соросоид да ти сркнал од последните голтки попара - а после тоа глад и смак света. Прво, значи, батка, искулирај. После тоа - муќни главом. Како тоа мислиш: „расчистете со вашите криминалци“?! Тоа значи да очекуем, набрзо, Грујо и братучедите самите да се уапсат?! Не ти ја сфаќам логиката... Златниот-Црниот пет години е премиер. Пред тоа четири години беше министер. Имаше миљон начини да исправи некои неправди и да ги гони криминалците. А ти, анонимен батка, ко куче на кое ланецот му се забил до сивата маса (па цвили па пишти па лае па рже - без никаков ред, збудалено), бараш Верушевски да се самоизбичуе?! (најбоље на плоштад, уз син му) Или тоа што Велија (човекот што го придонесе ВМРО да дојде на власт 98 и 02 и човекот кој беше прв другар на Фамилијата три години од 06 до о8) е во апс е знак дека Фамилијата конечно решила до воведе правда во земјава?!
Не станува збор за цензура.
Испратено на 06 јануари 2011 од УредникНе станува збор за цензура. Објавете си ги избришаните делови (кои ионака се повторувања, според мене) во друг коментар. Битно е читателите да не бидат обесхрабрени во читањето на коментарите. Најпосле, од ваша полза е да ве прочитаат, а не да ве рипнат ради должината.
понеделник, 16 октомври 2006
Испратено на 06 јануари 2011 од Анонимен 975понеделник, 16 октомври 2006 Утрински Весник 217.16.70.245/?pBroj=1969&stID=59556&pR=2
Достоинството, честа и професионалноста не ми дозволуваат да коментирам вакви изјави, одговара министерот за внатрешни работи, Љубомир Михајловски-Џанго, на обвинувањата на разузнавачот Зоран Верушевски изнесени во вчерашниот број на "Утрински весник" дека се води хајка против него и неговиот син од страна на полицијата.
"Апсолутно тврдам дека станува збор за една груба и противзаконска концепција на министерот за внатрешни работи Љубомир Михајловски-Џанго за апсење на мојот син. Тоа го потврдуваат и списите во предметот", ни изјави Верушевски, коментирајќи го последното апсење на неговиот син Александар.
Зборувајќи за аферата "Швајцарски сметки", која веќе подолг период ја потресува јавноста, Верушевски оцени дека институциите мора да реагираат и да го заштитат претседателот на државата. Во спротивно, рече тој, "ако институциите не ја разберат својата функција и не почнат да функционираат според Уставот и законите, ќе остават простор за голем хаос во државата, особено во пресрет на парламентарните избори следната година".
Изјавите на разузнавачот Зоран Верушевски отворија сериозни дилеми во врска со состојбите во државава не толку на безбедносен план, туку повеќе од аспект на аферата "Швајцарски сметки", односите меѓу дел од високите државни структури и, секако, растечкиот и сў поевидентен судир меѓу претседателот на државата и премиерот. Настрана личниот интерес на Верушевски на секој начин да го заштити својот син, некои аналитичари не се далеку од ставот дека ова што се случува во државава е почеток на големата разврска меѓу "големите" играчи? Некој очигледно ги губи своите досегашни позиции. Нервозата која притоа се манифестира е само доказ повеќе во прилог на тоа. Дилемата оди дотаму што се поставува прашањето: дали некој во државава е подготвен да ја стави на коцка и нејзината иднина само за да си ја задоволи суетата и да покаже кој е кој во неа!?
volanskopje.blog.mk/2007/10/2
Испратено на 06 јануари 2011 од Анонимен 975volanskopje.blog.mk/2007/10/29/verushevski-junior-idol-ili-odplata-varijanta-shto-mi-mozhesh/
Дивјачкото и силеџиското однесување на Верушевски јуниор може да стане “идол“ за однесување на младите ... И покрај повеќекратното дивјачко однесување докажани и недокажани криминални дела за кои сите зборуваат - но никој не сака да сведочи ... Верушевски јуниор по една година затвор е ослободен лично од Председателот ... и тоа без соодветни препораки од затворските институции ... Тоа право му го дава уставот и тука не би требало многу да коментираме ... Има право и готово ... Ова во име на Верушевски јуниор го побарала неговата мајка - како потреба за лечење на рани од вооружена престрелка ... и тоа било доволно за Председателот ни да стави потпис ... и Верушевски јуниор повторно слободно да хара по МК улици ... Варијанта што ми можеш ...
Се работи за случај за кој новинарите имаат испишано безброј текстви ... се работи за случаи кои немаат судска завршница, ниту пак почеток ... ВМРО-ДПМНЕ јавно прашува дали со ова не се исплаќаат долгови кон разузнувачот Верушевски ... кој по неколку скандали во МК (со синот и со становите ...) доби наградно место во Македонската Амбасада во РИМ ... Сеуште господинот Црвенковски нема кажано кој му ги достави лентите со кои искочи на говорница и обзнани дека некој неовластено прислушкува политичари и новинари ... И таа афера истотака заврши без окончување ... имено главниот обвинет за аферата е помилуван од тогашниот председател Трајковски ...
Дали ова уставно право и привилегија на председателот на МК е дадено само како можност председателот да отплаќа поранешни услуги на поединци ... ??! Веројатно не - но праксата покажува нешто друго ... Се сеќавате на помилувањето на еден бивш висок функционер на СДСМ - кој беше осуден во докажан коруптивен процес ... но Председателот Црвенковски го помилува ... Веројатно има уште такви случаеви ...
Нема ваљда секој обид за
Испратено на 09 јануари 2011 од Анонимен 666Нема ваљда секој обид за критика на сегашнава власт да го спинувате со гревовите на претходната?! Па до кога ќе трае тоа?!
Се додека тврдите дека претходната е подобра.
Дај цитирај го делот од
Испратено на 10 јануари 2011 од filtraДај цитирај го делот од текстов кај што се тврди дека претходната била подобра. Секаде е пракса да се критикува актуелната власт, пошо ако ги критикуваме претходните нишо не праиме, сеедно можеме Турците да ги обвиниме или Самоил или Аце, а можда и диносаурусите.
А ја не знам новиве гарнитури како доаѓаат како план да имаат: ние ќе крадеме, ама за нијанса помалку од претходните, за стално да имаме предност ако некој нешто не обвини. Богами, со таков став ќе поминат векови пред да дојде чесна власт.
Пробај ја оваа вежба: 1.
Испратено на 10 јануари 2011 од filtraПробај ја оваа вежба:
1. Застани и гледај право,
2. Заврти се (налево, надесно, не е битно) за 360 степени,
3. Раскажи за искуството.
Неверојатни се спиновите на
Испратено на 06 јануари 2011 од СоросоидНеверојатни се спиновите на изродбениците. Една жестока тоталитарна власт (која контролира тотално се’: од кладилници, медиуми, нарко-пазар до ДБК, царина - се’ комплет) се споредува со испадите на 18-годишен проблематичен клинец, син на бивш шеф на ДБК?! Каква брилијантна политичко-историска логика, а?! И таа брилијантна логика оди до следниов хипербомбастичен заклучок:
ВАШАТА БАГРА АБОЛИЦИРАНИ КРИМИНАЛЦИ И ГЛАВАТА НА КРИМИНАЛОТ ЗАСЛУЖУВААТ ЗАТВОР А НЕ ВЛАСТ!!!!
Никад више 18-годишњакот да не се врати на власт! Никад више Аце Циганот, Хард Рок, ТАТ итн. Али, затоа, заувек - ФАМИЛИЈАТА! Која само во Свед милк стопи пари колку што тежеше најголемата афера на СДСМ, ТАТ. Фамилијата која само на споменици по италијански леарници потроши пари колку што СДСМ не потрошило во пет буџетски години за култура. Фамилијата која само за корупција на медиумите и за создавање култ на пастирот потроши приближно стотина милиони евра за агенции и за огласување.
Причината зашто Фамлијата сака ЗАСЕКОГАШ да владее (види молим те!) не е страшниот СДСМ (чие владеење, од оваа перспектива, изгледа како слободарска идила, и покрај целата неспособност и мрзливост на таа партија), туку тешките криминали на Фамилијата. Златниот-Црниот со своите братучеди мора да владее ЗАСЕКОГАШ зашто толку длабоко ја опустошија Македонија (и политички и економски и социјално; ионака слабите институции тотално ги растурија со партизирањето и сеењето страв) што тешко има нормален пат за назад (ради тоа и’ се сипаа на Шеќеринска која само го изрече најочигледното: дека ваква диктаторска власт многу тешко може да падне на избори).
Да заклучам: предалеку отиде Фамилијата во криминалите. Дури, мислам дека оној што ќе се пресметува со Фамилијата нема толку да биде СДСМ (мада и они се надркани и бесни до прскање), колку што наивните и чесните патриоти од ВМРО (од сите ВМРОа). Никој толку не ја деградирал и оперушал националната идеја (дури ни мочаниот Љубчо!) ко кеш-патриотите на Фамилијата!
18 Годишњакот никогаш не бил
Испратено на 07 јануари 2011 од Соња К.18 Годишњакот никогаш не бил на власт, на власт бил неговиот татко заедно со Бранко, а „малиот“ е дете жртва на државата и фамилијата во транзиција. Класичен мафијашко српски филм кој што сме го гледале во живо! Детето „заслужило“ да биде помилувано бидејки неколку луѓе има изрешетано со повеќе од десет куршуми, неколку луѓе има рекетирано, еден двајца со нож забодено, еден човек прегазено и тн и тн...
И така негде во средина на филмот, се појавува вечниот, незаменливиот, еден и единствен, спасителот Бранко, и детето го помилува, а татко му го праќа амбасадор во Рим.
Боли глава човече?!
Сега следува прашање за милион долари, кој е поголемо зло, дали Верушевски со фамилијата и тајните сметки на БЦ во Швајцарија, или Мијалкови со нивниот бизнис во Чешка и трите стана на баба му на Грујо?
КОЛЕ БЕ! Коле бе леле паднало
Испратено на 06 јануари 2011 од KoledarКОЛЕ БЕ!
Коле бе леле
паднало бе-де-пе
утепало де-де-ве
Буџетот се мачи
ММФ го квачи
со 480 милиони евра
за лавови, коњи и ВМРО-овцииии
Коле беее!
(непознат народен уметник, 06.01.11.)
Анонимен 975, главно се
Испратено на 06 јануари 2011 од Посматрач на историјатаАнонимен 975, главно се согласувам со вас! Драго ми е што некој стварно работи на документирањето на свињариите од досегашното кабадахиско владеење со Македонија. Се надевам дека исто толку внимателни, загрижени и родољубиви хроничари работат и на документирањето на сегашните свињарии и криминали. Заради тоа и велам, Анонимен, дека вашата работа има смисла и е поттикнувачка (мада, СДСМ, знаеме сите, е пословично мрзлива и најчесто арогантна партија).
Но, во една работа не се согласувам со вас, Анонимен 975: одговорноста за злоделата на СДСМ исто така делумно паѓа врз сегашната власт! (исто и обратно: ако сегашните злодела на власта не бидат санкционирани од следната власт - тоа ќе значи дека станува збор за мега-злосторничко здружување против Република Македонија). Несфатлив е и циничен тој пинг-понг со кој се малтретираат граѓаните (на пример, Димовски го прашуваат: Кој е авторот на СК 014?! А Димовски контрира: А кој е авторот на ТАТ?! Па, кажи ми ти, Димовски, кои се авторите и на едното и на другото! Ради тоа си власт!)
Груевски, на пример, веќе во периодот 98-02, од највисоки позиции (министер за финансии) можеше да исправи многу евентуални неправди од дотогашната приватизација. Груевски, на пример, му беше шеф и на осудениот криминалец Даравелски, зарем не?!
Значи, апсолутно сум за тоа многу темелно да се претресат ликот и делото на двајцата најдолговечни моќници во овие 20 години во мк: Црвенковски и Груевски. Исто така, да не заборавиме дека партиите што стојат зад тие двајца луѓе по десет години владееле низ транзицијава (а ВМРО има уште година и пол од мандатот). Во 2012, значи, ДПМНЕ ќе брои речиси 12 полни години на власт! (од вкупно 22 години самостојна Македонија)
Честопати слушам/гледам како
Испратено на 06 јануари 2011 од Петр ЧехЧестопати слушам/гледам како соросоидиве туркаат една нацистичка теза - дека доколку човек поседува две државјанства не може да биде патриот. Од каде ова? Човек што работи/работел во странство не е патриот? И дај еднаш дефинирајте што е патриот? Припадник на Граѓани за Европска Северна Македонија?
Што се однесува до натписов видов/чув/читав а нема ни еден скен од тие наводни документи вреди исто ко да кажам дека видов пред некој ден како Жарко Т. и Владе М. водат љубов. Јас имам еден ФАКТ кој не може да се негира а тоа е фактот дека Владимир Милчин беше некое време член на претседателството на СДС и дека истиот Владимир Милчин редовно присуство на конгреси и собири на СДС.
Еве изродбеник како те
Испратено на 07 јануари 2011 од OrfejЕве изродбеник како те "заебе", Бранко е виновен, никогаш СДСМ на власт, уаа комуњари, напред националисти и ВМРОВЦИ, 18 годишњакот што владееше со Македонија, да не се појави више, да живеат Мијалкови и цела банда малоумни Мариовци.
Срамота, еве зошто ништо не праиме во држата.
Ти му викаш Анте, тој тебе Анте курале. :)
Орфеј, само напред! Ако
Испратено на 07 јануари 2011 од Ханибал ЛекторОрфеј, само напред! Ако доволно вежбаш (пишување), еден ден некој можеби ќе сфати што си сакал да речеш...
Да се поклониме пред
Испратено на 07 јануари 2011 од roxДа се поклониме пред коментарот на ’Преродбеник по логиката’.
Петр Чех, многу интересно како стално нешто не ви е јасно.. и стално извирате од некаде од некоја дупка така ошамутени и преплавени со прашалници ама као све знаете а сепак ништо не ви јасно...
Може човек да биде патриот и со две и пет државјанства. Она што е веќе симптоматично е тоа што овие што се најгласни и прават најголема кариера со патриотизмот,мајка македонија,лавчиња,мечиња,букефали, ко за беља, баш тие стално имаат и друга ПАТРИЈА. па така не само што се македонци туку се и чеси,бугари ..
Имаше директни линкови до чешкиот катастар и сл. објавени по главниве медија сајтови ама ете и тоа пропуштивте..
Текстот горе обработува една актуелна тема и ако некој види нешто неточно или има друг поглед кон проблематиката тогаш слободно, кажи, расправај, критикувај. А не ова.. ќе види нешто вмровијата дека висок функционер еден од највисоките, директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (!!!!) во чешка си има фирми(!!!) имоти, ама и Надежда Груевска а самиот Мијалков е братучед со Николче Груевски ама и братот на Сашо е висок функционер(царинска управа) исто со имоти и фирма во чешка за да пред три дена по повод поседување станови/имот од страна на Надежда Груевска, кабинетот на министерот изјави “ама тато Тале ги плаќа ратите“ .. уоу, тато Тале проф. во пензија од скопје праќа пари во праг за да синко еден ден има кров над глава и не живее под ќирија. Имресивно!
конфликт на интереси ? хммм . што ли беше тоа
Како шлагфорт на сето ова, таткото на Сашо и Александар, Јордан долгогодишен директор на државната макотекст ги удрил темелите во Праг каде што идел често ради фирмата нели.. и таму ај , клај имот за синовите , праќај на студии (и се тоа од директорска комунистичка платичка нели)... за да денес попалената вмровија скандира “лустрација лустрација“ несвесна и ошамутена дека баш истата лустрација ќе ги бричи главите на патриотите како Мијалкови итн...
Што е толку чудно да некој
Испратено на 07 јануари 2011 од Соња К.Што е толку чудно да некој што 20 години и живее и работи во Чешка да има имот и сметки во таа држава? Катастарски листови, сметки од банки, дрн дрн јариња. Би било чудно да ги нема, на толку работење, како вашиот Велија, што нема ништо на негово име нели?!
рокс а дали си ти моментално
Испратено на 07 јануари 2011 од Петр Чехрокс а дали си ти моментално во франција и со чии пари си отидена таму?
Многу е забавно кога Хунзиве
Испратено на 07 јануари 2011 од Бранко ГероскиМногу е забавно кога Хунзиве се жалат дека се цензурирани. То солзи леење, то повикуење на чоечки права, то принципи... Чудо едно! Коља, ти предлагам од секој од преродбеничките коментари да кратиш по еден пасус или една реченица. Големо задоволство е да читаш како за слобода плаче некоја ординерна будала, која вели дека сите што не мислат како него (ако тој воопшто е способен да мисли) треба да се стават во затвор.
Сеуште ја паметам дебата на
Испратено на 07 јануари 2011 од СтолеСеуште ја паметам дебата на зебра кога беше попарен од страна на Димитров, кога едноставно не знаеше на која страна да се свртиш, само така за тебе и таквите ко тебе, иди пишувај си шпиц и не шири омраза помеѓу луѓето
Геровски, одјеби! Или кажи и
Испратено на 07 јануари 2011 од Анонимен .!.Геровски, одјеби! Или кажи и ти колку стана имаш на Бихаќка и на чие име се водат?!
Изродбеничка стоко, малку
Испратено на 07 јануари 2011 од Кладилничар (Фан на клади)Изродбеничка стоко, малку превише се распуштивте... Чујте, имам идеја: зашто не излезете од Фамилијата, вие јадните, бедните, сиромашните, нишчите со дух, и не почнете да се борите за права револуција на јадните?! За пролетерска револуција?! Да им влеземе на сите луѓе со више од еден стан, една кола итн. во становите, колите, сметките - и братски се’ да разделиме?! Што викате, јадници?! Или сепак претпочитате Грујо, Ставревски, Орце Камчев, Мијалкови, Керим, Минчо Јорданов, Жан Митрев итн. - да ја предводат вашата „пролетерска“ револуција?! Јадни деца! Тотално сте изгубени! Гризете во одбрана на мафијаши! Убедени дека вашите мафијаши се подобри (па, еве, фрлаат коски), за разлика од оние другите мафијаши... Каков свет, боже... Какви малоумници...
„Гризете во одбрана на
Испратено на 07 јануари 2011 од Анонимен .!.„Гризете во одбрана на мафијаши!“
Ова за себе го кажуваш, кога го помилува Бранко Верушевски, или кога го аболицираше Заев, или кога рипавте протестиравте кога го апсеа Бучко, али кога штрајкувавте пред шутка за Велија и фамилијата во бегство???
Ако некој го штити криминалот во оваа држава тоа сте вие, багро комунистичка, тоа сте го докажале милион пати, било тоа за убиства, дали за перење пари, дали за дрогата (кокаинот) што го снема од мвр. За вас сето тоа е мачја кашљица, никому ништо.
„Батка, Анонимен, смири се“ -
Испратено на 07 јануари 2011 од Кладилничар (Фан на клади)„Батка, Анонимен, смири се“ - напишал некој горе. Така што, стварно смири се, батка Анонимен (што не си стаиш и ти бројчиња зад анонимноста, тие ви ги ставаат во центарот за комуникации, за да се напраи евиденција за учинок&дневници?!). Пред скроз да го цитирам горниот колега, и јас да прашам: сами ли „комунистите“ треба да се избичуваат за своите гревови?! Зашто оваа праведна народна власт не ги стаи у апс крадците на кокаинот итн? Нигде не води, анонимна будало, секој оној што се буни против злоделата на мекиот фашистички режим на Златниот-Црниот да го прогласуваш за комунистички гангстер. А сеа, за тие што не ги читаат коментарите туку само запењавено, ко збеснати чувар-кучиња, ржат, уште еднаш циатот на горниот колега:
„Батка, Анонимен, смири се. Вриштиш во одбрана на Фамилијата ко душманот соросоид да ти сркнал од последните голтки попара - а после тоа глад и смак света. Прво, значи, батка, искулирај. После тоа - муќни главом. Како тоа мислиш: „расчистете со вашите криминалци“?! Тоа значи да очекуем, набрзо, Грујо и братучедите самите да се уапсат?! Не ти ја сфаќам логиката... Златниот-Црниот пет години е премиер. Пред тоа четири години беше министер. Имаше миљон начини да исправи некои неправди и да ги гони криминалците. А ти, анонимен батка, ко куче на кое ланецот му се забил до сивата маса (па цвили па пишти па лае па рже - без никаков ред, збудалено), бараш Верушевски да се самоизбичуе?! (најбоље на плоштад, уз син му) Или тоа што Велија (човекот што го придонесе ВМРО да дојде на власт 98 и 02 и човекот кој беше прв другар на Фамилијата три години од 06 до о8) е во апс е знак дека Фамилијата конечно решила до воведе правда во земјава?!“
Вмровијата од Хунѕивуд
Испратено на 07 јануари 2011 од roxВмровијата од Хунѕивуд тотално лоботомизирана од тоа како нивните гуруа и најголеми синови македонски ги третираат , си мислат, кога пастирот така праи Така и ние треба да праиме.
За што конкретно зборувам: штом ќе видат некаде текст, збор, глас за неправилностите , апсурдите, актите на оваа власт тие одат во хорда и скандираат громогласно “ БЦ БЦ БЦ , па малку Бучко бучко, па ај пак БЦ БЦ .. по поново Заев.. “
Не ги интересира ни што е кажано ни дали некои работи не се во ред , ни дали некој ги ду**и во глава.. туку терааај ти со БЦ со цел глас и има да се повлече кој и да е.
Оваа ингениозна техника е личен патентиран изум на Вмро пастирот па така , владата секои три дена има прес конференција, на која .. погодивте, зборува, џака за Бранко Црвенковски !!!!
па така, на 5.01. 2011, небаре нема важно нешто да се каже за Прес(собраните новинари) конференцијата , да информира што планираат за 2011 на план за здравство,картони,бонови,пензии, јавен сообраќај итн.. они фатиле брборат за Бранко !?!?!
http://daily.mk/cluster3/bbc483899046e01017020dee79654c5d/537709
но ова не е доволно, на 06.01.2011 , собрани револтирани работници во Битола се собрале и отишле да протестираат пред влезот на канцелариите на СДС !!
Груевски ја измисли и новата временска оска.. па така, иако тој е на ВЛАСТ и го има мнозинството веќе 5год. и ја има сета потребна моќ да извршува работи, реформи,подобрувања (затоа што затоа е и избран, бил најубедлив во ветувањата), ама не, тука се преклопува 5та димензија и всушност он не е на власт и за се нешто БЦ е крив па така , ако нешто не ви е по воља , тоа е кривица на БЦ и нормално ,гласајте повторно за Грујче и братучедите од Праг и Софија , што е сигурно сигурно е, не можат ниакко да ви помогнат ама барем ќе ве штитат од БЦ !!! win-win hunza deal !
Нема со што да се вршат
Испратено на 08 јануари 2011 од ХунзичНема со што да се вршат работи, реформи, подобрувања итн. зашто СИТЕ ПАРИ СЕ ВЕЌЕ СОБРАНИ од олигарсите на БЦ. Законски, со законите што БЦ ги напиша. Така да, тешко да одговараат. А овие може и да одговараат ако се докаже.
Чудна некоја логика имаат
Испратено на 08 јануари 2011 од ВселенецЧудна некоја логика имаат бранителите на власта. (И не не сум за Бранко, Бранко го измисли организираниот криминал во Македонија, ама Грујо и братучедите го надградија и проширија.) Постојано ги слушаме како зборуваат за комунисти и комуњари. Да така е, во СДС ги има и едните и другите, па и соросоиди има. Ама ај да видиме шо има у ДПМНЕ. Мијалкови- синови на Јордан Мијалков - комунистички претставник на претпријатие у Прага, стар удбаш, потоа Кљусев - типот од затвореник на Г. Оток стига до академик,се прашувам како, па Маневски - комунистички министер за правосудство, па Благородна Дулиќ, па Ставревски - заменик министер во Владата на СДС, па у коалиција ги имаат газда Ѕинго и Павле Трајанов - стар удбаш, па Латас им је идеолог, па во коалиција се и со учките и терористите од ДУИ. И сега уште ли се ДПМНЕ големи патриоти и антикомунисти. Да не зборам и за соросоидите Ѓорге Иванов, Јован Донев и Бранко Саркањац.
Вселенецу кој не си за БЦ
Испратено на 08 јануари 2011 од Петр ЧехВселенецу кој не си за БЦ (чисто сумњам дека не си), комуњар е израз за старо СДСовско прдало или за новопечени СДСовци клонирани од шупакот на бранко. Сега јасно ти е што е комуњар? Комуњарите у душа против нив се бориме.
Сумњај си ти колку сакаш
Испратено на 10 јануари 2011 од ВселенецСумњај си ти колку сакаш пријателе (сумња - каков прекрасен древно македонски збор). Значи комуњар било строго резервиран збор за седесето. Чудно, јас мислев па дека има врска со претходниот режим и онаа бледа пионерска реторика што ја слушаме секој ден од експонентите на Грујо, во ликот на Косана Николииќ, Благородна Дулиќ, Маневски - другарчето на мама Надежда и други. Како што реков, СДС-овците навистина се клонираа и целосно се интегрираа во ДПМНЕ, примерите веќе ти ги наведов. Ако се борите против комуњарите, борете се против тие во вашите редови, во СДС и не очекувам да има друго освен комуњари, ама во партија која сака да го злоупотребува името ВМРО, не би требало да има место за Маневски, Ставревски, Дулиќ, Николиќ и секако неизбежниот Латас, големиот патриот и вмровец и куќен пријател на овчарот.
Tie od prethodniot sistem bea
Испратено на 10 јануари 2011 од 2+2=5?Tie od prethodniot sistem bea komunisti. Komunjari se onie "progresivci" shto prespale 20 godini, pa ushte teraat komunizam vo 21 vek. Po mozhnost so jugonostalgichni primesi.
Да, во право си, тоа и сакав
Испратено на 10 јануари 2011 од ВселенецДа, во право си, тоа и сакав да го кажам, ѕначи врска со стариот режим, користење на таквиот начин на аргументирање и таквите методи. Зборот комуњар е дефинитивно придавка што доликува за поголем број од ДПМНЕ-овците.
"Врска со стариот режим" па
Испратено на 10 јануари 2011 од Лудмил Таклабасов"Врска со стариот режим" па кој нема врска со стариот режим? Поентата е дали си останал со истиот ментален склоп. Типична комуњара ти е Бранко Црвенковски. Човек што само ломоти а ништо не прави, бескрупулозен борец за власт. Човек што кога има власт ја користи за лични потреби, противник на било какви реформи, поддржувач на медиокритети, носталгичен по Југославија, мисли дека Македонија не може никад да ја биде како што ја бивало Југославија. Е тоа ти е комуњар. Интересен феномен е што има млади луѓе кои се комуњари, трагично но вистинито, тоа е секој втор поддржувач на СДС. Сега кажи комуњар си? Ја типувам на ДА.
Мило ми е што сум толку бите
Испратено на 11 јануари 2011 од ВселенецМило ми е што сум толку бите фактор па се коментира околу тоа дали сум комуњар или не. Али остајте ме мене, браќа (или подобро: браћа преродбени и латасоиди, што ќе рече - асли Македонци, т.е. јужносрбијанци) и глејте дали има комуњари во ДПМНЕ. А ги има бога ми, со лопата да ринеш. Ги наведов во претходните постови. Ако ве интересира нешто повеќе околу комуњарството во ДПМНЕ, ќе ви препорачам еден текст од еден асли-вмровец - Солунчев. Текстот се вика „Октоподите на ВМРО“ објавен на 8 ноември во Форум. Е па, поздрав комуњари и преименујте си го ДПМНЕ у нешто покомуњарско.
Комуњари, мноогу сте глупи
Испратено на 08 јануари 2011 од Рудар од ПробиштипКомуњари, мноогу сте глупи значи!
Значи пази вамо, пада влада и доаѓа сдс на власт. После некое време го апсите Мијалков, затоа шти имал бизнис у Чешка, а после една недела и Грујо со становите. И тука се појавуе Хорхе Хунза, прво ги помилува браќата, за веднаш потоа го аболицира Грујо. И кој ќе биде крив? Па нормаално, Бранко пак! А зошто, па прибидејки он го тоа измисли драги мој.
Мноогу сте глупи, мноогу жими све :)
Колумњар = комуњар што пишува
Испратено на 08 јануари 2011 од 3POКолумњар = комуњар што пишува колумни (Слика: В.Милчин).
„Граѓанска војна има во
Испратено на 08 јануари 2011 од Вулгар„Граѓанска војна има во Македонија - само што е засега на ниво на медиуми“ (изјава на граѓанин за Алфа ТВ анекета). Ќе го дочекаме ли и тој ден, сограѓани? Да излезе надвор од медиуми? А? На прав пат сме! Ко што помалце и помалце и поскапа и поскапа храна имаме во фрижидери - богами, ќе се јадеме живи! Терајте, багро една нехумана!
Црвенковски: И јас сум
Испратено на 09 јануари 2011 од dakarЦрвенковски: И јас сум Заев.
Другите беа на зборови, тој на дело го потврди тоа.
И Верушевски (млаЏи) е. И
Испратено на 10 јануари 2011 од ДапачеИ Верушевски (млаЏи) е. И Милојко Ангеловски. И Љупчо Поповски. И Васко Поповски. И Мирослав Миленковиќ и Влатко Стојановски.
Само за такви може да пушти некоја солза.
ако може само да прашам каде
Испратено на 10 јануари 2011 од до roxако може само да прашам каде била лиферувана ова информацијава дека тато тале плаќал рати за ова прашките станови?
ако добро сфатив , мислам...
На прес на Љубе Бошкоски.
Испратено на 11 јануари 2011 од ВселенецНа прес на Љубе Бошкоски.
Ovde :(a imase i na drugi
Испратено на 12 јануари 2011 од roxOvde :(a imase i na drugi mesta)
http://www.utrinski.com.mk/print.asp?ItemID=A9F835A9A1B07243B25439896DCCA6C9
мене најкул ми е почетокот на
Испратено на 11 јануари 2011 од читателмене најкул ми е почетокот на текстот, 1963-ќата, плочи од битлси, рокенрол, левиски, тучи, сакам да има поише вакви урбани текстови, евоцирање на спомени и слично. а владава ќе паѓа, тоа е јасно, нема потреба да се натегам уопште, се глеа и по нервозава на џукеливе