1017 hPa
78 %
21 °C
Скопје - Пон, 13.07.2026 01:59
Цел ден си мислам како за името никој не се самозапали, на пример. Или не избега во планина на лозје и прогласи независно несеверно вевчани. Како никој не направи нешто што би го отсликало незадоволството од фејсбук на улица. Сите со децении калкулираа со спорот, немајќи храброст да се соочат со проблем за кој сите возрасни знаеја дека еден ден ќе мора да се реши. И кога некој тоа конечно го реши, имаше и има доста вербални онесвестувања, но никој поштено не изреагира, освен можеби група антиваксери. Сеедно. Ви цимнало на гордоста, ама не ве здоболело до толкуза да се помрднете бар еден месец од срце на улица. Затоа, баталете веќе тоа со името. И онака бевме фиром, не Република Македонија. А и тоа фиром да не беше, немаше да постои државава.
Лина Симон, Фејсбук, 22.10.21.