„Експериментална врска“- фотографии

26.10.21 13:52

Фотографската серија „Експериментална врска“, од Пикси Лиао (Pixy Liao) - мултидисциплинарна кинеска уметница, која живее и работи во Њујорк - е серија хумористични автопортрети направени со нејзиното момче Моро (кое стана муза). „Како жена израсната во Кина, порано мислев дека можам да сакам само некој кој е постар и позрел од мене, кој може да биде мој заштитник и ментор“, објаснува таа. Сè се промени кога го запознала Моро - „Станав личност која има повеќе авторитет и моќ“.

„Експериментална врска“ ги разгледува овие динамики, превртувајќи го сценариото за традиционалните родови улоги во хетеросексуалните односи, истражувајќи го опсегот на релациски можности. Проектот низ годините растел заедно со нивната врска, а Лиао нагласува дека улогата на  фотографиите „никогаш не била да документираат“.

Сликите од „Експериментална врска“, годинава беа изложени во Музејот „Fotografiska“ во Њујорк, како дел од првата самостојна изложба на Лиао, насловена „Твојот поглед ми припаѓа мене“.

Извор: booooooom.com

Слични содржини

Фотографија / Квир / Око
Фотографија / Око
Активизам / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Око
Фотографија / Книжевност / Око
Фотографија / Книжевност / Око

ОкоБоли главаВицФото