Заев вети дека ќе почне со темелно чистење на системот уште пролетта 2019

27.10.2021 10:15

Заев вети дека ќе почне со темелно чистење на системот уште по првиот круг на претседателските избори пролетта 2019, кога Стево Пендаровски освои само 4.000 гласа повеќе од Гордана Силјановска-Давкова, кога глумецот Драган Спасов-Дац му подари метла. Значи, не е дека гласачите не го предупредиле. Ама, тој со метлата само креваше прашина. Оти не сакаше да им го расипе есапот на сопартијците со сите бизнис, семејни и други приватни интереси.

И – излегоа луѓето и сами си заметоа. Кој се одмаздил поради ароганција на локалната власт, кој поради неспособниот директор што го поставила партијата да му го комплицира животот, кој поради ѓубрето што не му е собрано, кој затоа што нема паркинг, кој затоа што детето му учи во претерупана училница, кој оти во соседството ти никнала зграда и со балконот ти влегле во твојот балкон.

Горан Михајловски, СДК, 22.10.21.