Имаме добра културна сцена без никаква организираност на државните културни политики

29.10.2021 10:58

За мене навистина е енигма како може да имаме релативно квалитетна културна сцена без никаква организираност на државните културни политики, кои со години (отсекогаш?) биле максимално запоставени. Културата без системска организираност и соработка помеѓу државата и независниот културен сектор – едноставно не можам да замислам да биде на подобро ниво од ова што е сега. Ниво што мислам дека е високо, имајќи ја предвид тоталната незаинтересираност на државните институции за младата, живата, авангардната култура. Исто така, останува помислата (за жал само помисла) што би можеле да направиме, ако барем малку има системска поддршка од државата. Овде не мислам само на финансискиот дел од поддршката, туку повеќе на желбата за соработка и искористувањето на државните капацитети за културни цели. Оттука произлегува дека имаме голем број културотворци, од секоја културна сфера, и истрајни се, жедни се да ја изразат својата страст, но државните културни политики упорно и упорно изостануваат. А не треба многу, треба само да се „отворат“ кон младите.

Филип Димевски, Блен, 28.10.21.