„Паѓање“ - фотографии

29.10.21 17:34

Во својата книга фотографии насловена „Паѓање“ (Лабави зглобови), Габи Лорен (Gabby Laurent), фотографка од Лондон го акцентира чинот на паѓање како мотив за размислување за контролата и судбината. Низ серијата кореографски движења инспирирани од визуелниот јазик на феминистичките и перформативните уметнички практики, Лорен ја разгледува линијата помеѓу откажувањето и одржувањето на контролата.

„Паѓањето е комичен и трагичен чин, чин на губење и намерно напуштање, чин кој се повторува низ нашите животи“. Додека размислува за личните ситуации на жалост и нов живот, перформативните падови на Лоран нудат простор за саморефлексија, „дозволувајќи му на телото постојано да ѝ отстапува место на гравитацијата и да создава визуелен простор за размислување за времето, судбината и околностите“.

Извор: booooooom.com

Слични содржини

Фотографија / Квир / Око
Фотографија / Око
Активизам / Око
Фотографија / Книжевност / Настан / Око
Фотографија / Книжевност / Око
Фотографија / Книжевност / Око

ОкоБоли главаВицФото