Зумирај си го коктелот

05.01.2011 14:46
Зумирај си го коктелот

Дали некогаш сте се запрашале како изгледа вашиот омилен пијалак зголемен 1000 пати или како коктелот кој го пиете би изгледал на ѕидот на вашата дневна соба?

Сигурно не сте размислувале за тоа додека сте пијуцкале аперитив или сте уживале во чаша врвно вино дека, всушност, пиете мало уметничко дело. Вљубениците во пиењето и фотографијата од американската компанија BevShots се досетија на една сосем необична идеја. Изработија фотографии на речиси сите алкохолни и безалкохолни пијалаци кои ги најдоа на пазарот, но на еден сосем поинаков начин.

Коктелите, пивото и соковите под нивната уметничка палка се претворија во вистински апстрактни дела. Техниката на изработување на фотографиите е следнава: откако алкохолот ќе се искристализира во дијапозитив, со камерата која е прицврстена на микроскоп со висока резолуција се снимаат фотките. Прекршувањето на светлината низ кристализираниот алкохол дава природни, величествени бои и композиција. А можат да се испечатат на секоја подлога и во секоја големина.

На овој начин вашиот омилен пијалак можете да го набљудувате од сосем поинаков агол, помалку штетен за вас. Пробните фотографии се направени на универзитетот во Флорида, а нивен творец е Мајкл Дејвисон кој уште во 1992 г. ја измисли микроскопската фотографија и го патентираше својот изум. Лестер хат, директорот на компанијата BevShots MicroArt, ја откупи лиценцата и повлече одличен деловен потег со кој ја изгради својата успешна компанија која се прослави со оваа техника на уживање во различните пијачки и нивните фотографии.

Секоја фотографија поседува единствен дизајн и мешавина од бои, а крајниот исход е уникатно и неповторливо дело кое не може да се фалсификува.

Извор: bevshots.com

ОкоБоли главаВицФото