(Празничен ден чекаш...)

01.11.2021 11:24

Празничен ден чекаш
од негови дланки да сркаш
молитви од птичји седала,
балсам од вејки на трепетлики,
сладост и пелин на спомени.
 

Пред да се отвори,
денот се згрчи.
Сенки и сеништа
му врзаа нозе во јазол.

Му испука кожата.
Од неа се исцеди времето
во едно друго време.

Кое и когашно
за секој љубопитник е тајна.

Градот на патерици
си ги пребројува куќите.

Една по една
куќите му се отуѓуваат.

Новодојденци со лица од камен
ни ги бришат имињата
од портите и ѕидовите.

Што се случува тоа со нас?

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото