Надеж во време на пандемија

01.11.21 14:05

Роден во Јапонија, уметникот Хироја Курата (Hiroya Kurata) моментално работи во Њујорк, каде живее со сопругата и двете деца.

Многу од делата што ги изработил во последните 15 месеци, се претставени на изложбата насловена „Over the Influence“ во Хонг Конг и се инспирирани од секојдневниот живот за време на пандемијата.

Овие слики на авторот му служеа и како визуелен дневник за животот за време на пандемијата. Тој доловува слики од времето поминато со своето семејство, во негов гестикуларен, чуден стил, нудејќи симболи на надеж среде хаотичната и предизвикувачка година.

Извор: booooooom.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото