„Црно сонце“ - фотографии

04.11.21 14:43

Враќајќи се на пејзажот од неговото детство во мочуришните предели на јужна Данска, фотографот Сорен Солкер (Søren Solkær) ги доловува фигурите што ги прават на небото јатата птици во фотографската серија „Црно сонце“.

Чекајќи да го продолжат патот кон југ, во овие предели се собираат дури милион птици, вревата е огромна а, птиците танцуваа во апстрактни формации на небото. „Се создава силен визуелен израз – како цртеж со мастило или калиграфски потег со четка“, објаснува Солкер. „Понекогаш се чини дека јатото поседува кохезивна моќ на супер флуид, менувајќи ја формата во бесконечен тек: од геометриски во органски форми, од цврсти во течни, од материјални во етерични, од реалност во сон - размена во која реалното време престанува да постои и почнува митското време. Ова е моментот што се обидов да го доловам – фрагмент од вечноста“.

Извор: booooooom.com

ОкоБоли главаВицФото