Антиваксери и теоретичари на заговори – како станаа толку популарни?

06.11.2021 16:29
Антиваксери и теоретичари на заговори – како станаа толку популарни?

„Во Србија не постоеше организиран антивакцинално движење сè до 2015 година, кога ММР вакцината беше лажно поврзана со аутизмот, што резултираше со епидемија на морбили – болест која со имунизацијата практично беше искоренета. Денес, Србија се наоѓа првите шест држави во светот по растот на бројот на оние кои не веруваат во вакцините. Има повеќе различни причини за сè поголемата популарност на антивакциналните, почнувајќи од недоволната научна и медиумска писменост на општата популација, па сè до „траумата на предавство“ која настанува кога луѓето или институциите на кои се ослонуваме ќе ја нарушат нашата доверба. Ова е резултат на распадот на СФРЈ, војните, економската криза, сиромаштијата, неизвесноста, губењето на работничките и социјални права, пропаѓањето на здравствениот и образовниот систем. Втората причина е јакнењето на идеологијата на индивидуализмот и промоција на културата на самопомош, како и на разни теории на заговор, кои се редовно го следат неолибералниот капитализам, вели Ивана Бишиќ, научен соработник на Етнографскиот институт при Српската академија на науки и уметности (САНУ).

Таа потсетува дека недовербата кон вакцината не е современ феномен. Првото антиваксерско движење настанало на крајот на 19-от векво Ластер, кога десетици илјади луѓе се спротивставиле на задолжителната вакцинација против големи сипаници, иако оваа болест била најчеста причина за смртност во Европа. Причините што ги наведувале антиваксерите биле хигиенски, верски и политички – тие тврделе дека употребата на материјал од крава е нечиста и нехристијанска затоа што доаѓа од пониски битија, и дека повисоките класи се обидуваат да ги искористат работниците, дека влегуваат во нивните приватни животи. Лестерската антиваксерска лига е основана во 1869 година, а некои членови на ова движење биле лекари.

„Антивакциналното движење е поврзано со разни теории на заговор кои имаат долга историја. Се смета дека првата теорија на заговор што би можела да се поврзе со пандемија ја забележал Тит Ливиј во делото ‘Историјата на Рим од основањето на градот’. Тој пренесува дека државните првенци умирале од иста болест и дека една робинка му пријавила на Квинт Фабиј Максим дека виновни за ови умирања се римските матрони. Фабиј за ова ги известил конзулите и Сенатот и сите му поверувале на сведокот. Следејќи ја робинката, ги затекнале жените како варат отров и тајни напивки. Две уапсени жени, Корнелија и Сергија биле од патрициски род и тврделе дека напивките биле лековити. Робинката им рекла да ги испијат за да докажат дека нејзиното сведочење е лажо. Приказната понатаму раскажува дека матроните се согласиле и така „самите станале жртви на сопствените злосторства’. Нивните следбенички ги предале имињата на останатите заговорнички и повеќе од 170 жени биле изведени пред суд и тоа било првото судење за труење во Рим. Меѓутоа, најверојатно се работело за епидемија на чума, а приказната што ја раскажал Тит Ливиј настанала многу подоцна од опишаниот настан“, вели Ивана Башиќ.

Таа додава дека популарноста на теориите на заговор може да се објасни на различни начини, но пред сè со страв и примитивни психолошки одбранбени механизми. Имено, психолозите ја наведуваат потребата од контрола како причина за теориите на заговор: тие создаваат илузија дека некој има моќ над работи на кои не може да се влијае, како што се климатските промени или појавата на нови вируси. Се зборува и за можна поврзаност помеѓу тенденцијата да се верува во теории на заговор и параноја, шизотипија, пониско образование, поголема склоност кон емоционално размислување, ниска самодоверба, општа недоверба кон властите и системот, а овие теории се поврзуваат и со поддржување на екстремни политички теории.

„Теориите на заговор овозможуваат брзо и лесно решение на ситуација на неизвесност – кога во исто време има контрадикторни информации, човек сака што побрзо да ја разреши когнитивната дисонанца. А бидејќи во Србија има ниско ниво на научна писменост и научните објаснувања се недоволно јасни и премногу напорни за некои групи, тие полесно ќе ги прифатат теориите на заговор, бидејќи јазикот н акојшто комуницираат е поприфатлив, се заснова на имагинација и ги активира нашата емоции. Теориите на заговор најчесто користат познати и приемчиви наративи, какви што сме сретнале во стрипови, научна фантастика, авантуристички филмови или во петпарачки романи. Тие главно го имаат истото резиме - некој анонимен центар на моќ или владетел во сенка прави заговор против човештвото. Нему му служат „злобните научници“, а целта на тој заговор е депопулација и целосна контрола врз населението. Тие ја кријат вистината од човештвото, а теоретичарите на заговор се спасители, бунтовничко малцинство кое го поседувааат тајното знаење и вистината, која постепено, често користејќи шифри, им ја откриваат само на „избраните“. Овој наратив лесно ги победува научните гледишта бидејќи им се обраќа на нашите емоции, а емоционалното размислување е нагласено кога сме уплашени. Притоа создава илузија на превласт бидејќи нè убедува дека поседуваме некоја строго чувана тајна, додека „неразбудената“ маса живее во лага. Теориите на заговор создаваат илузија за сеопфатна смисла, а бидејќи се засноваат на имагинација, не постои контрадикторност што не можат да ја вклопат. Така, истовремено можат да тврдат дека вирусот не постои и дека вирусот е вештачки создаден во лабораторија“, објаснува д-р Ивана Башиќ.

Еден од факторите кои можат да влијаат врз склоноста кон теории на заговор е и културата на нарцизам. Овие теории му ласкаат на нарцисоидните црти на нашиот карактер и на нашата инфатилност. Нè убедуваат дека единствени и дека разбираме и знаеме нешто што другите не го разбираат, додека истовремено нè ослободуваат од одговорноста за сопствениот живот, бидејќи ги изместуваат причините за сите проблеми „некаде таму“, во некој имагинарен центар на моќ, чиишто актери не ни се познати или не им можеме ништо, теорииите на заговор истовремено ги замаглуваат проблемите со кои се соочуваат поединецот и општеството – економските кризи, еколошките проблеми, невработеноста, социјалните прашања и цела редица лични проблеми. Додека поддржувачот на теориите на заговор буквално се бори со ветерници, неговиот сопствен живот сè повеќе му се измолкнува. Се буни против Бил Гејтс, но не протестира против поскапувањето на струјата, лошиот животен стандард, социјалните неправди, губењето на работничките права или загадувањето. Токму во ова може да ги бараме причините за толеранцијата на политичките елити кон разните теоретичари на заговори – од антиваксери до рамноземјаши и тоа не само во Србија. А бидејќи овие наративи се приемчиви и зводливи, не е чудно што медиумите и социјалните мрежи ги пласираат со задоволство. Особено ги промовираат сензационалистичките медиуми кои не ја почитувааат новинарската етика. Притоа сè помалку луѓе се способни да го разликуваат параноидниот стил на размислување от критичкото размислување и втемелена скепса.

На забелешката дека во скицата за профилот на просечниот пациент е лице кое попрво оди кај аптекарот отколку на лекар, почесто купува помошни отколку главни лекови и за помош се обраќа кај животен тренер кој „лечи“ со позитивни мисли, наместо психолог или психијатар, Башиќ констатира дека зголемената популарност на алтернативната медицина може да се објасни со засилување на културата на самопомош на крајот на 20-от и почетокот на 21-от век.

„Културата на самопомош опфаќа збир верувања кои се шират преку разни семинари, работилници, советувања, предавања, ‘слеф хепп’ литература , интернет и медумски содржини. Се развила во рамките на растечкиот индивидуализам, има привидно оптимистичен однос кон неограничените потенцијали на индивидуата и проповеда дека поединецот може да се потпре само врз себе, додека истовремено тоа ‘потпирање’ му го продава по висока цена. Различни техники, од квазипсихоаналитички до магиски или религиски, наводно овозможуваат самоспознание и самоизлекување, благодарение на преминот кон повисока состојба на свеста, кое ќе доведе до општество ослободено од репресија и живот во согласност со природата. Културата на самопомош се развила под влијанието на ‘њу ејџ’ движењето и тнр. новата духовност кои рециклираат и банализираат цела редица идеи, од античката култура на себство, гностичката мисла, филозофијата на индивидуализам, митот за добриот дивјак, романтичарската книжевност на нагласена емотивност и враќање кон природата, како и источните религии. Таа е во согласност со идеологијата на неолибералниот капитализам кој инсистира на поединецот како основен елемент на општеството, на идеологијата на слободен избор и неограничена лична слобода и кој го препознаваме во концептот ‘секој од нас е одговорен за својата судбина, а неуспехот е знак на неспособност’. Културата на самопомош е западен конструкт, глобален феномен и многу профитабилен бизнис. Иако не постои цврста организациска структура, нејзините приврзаници чинат организирана мрежа од околу шест милиони интернет сајтови. Зачетокот на ‘њу ејџ’ движењето може да се следи од окултните учења на теозофијата во 19-от век, чијшто главен претставник е Мадам Блавацка. На теозофијата се надоврзува движењето ‘Нова мисла’, кое настанало во 1838 година во Бостон и поучувало дека секој има потенцијал да ги лечи другите и себе си со силата на својот ум. Продорот на алтернативната медицина всушност не почнал во средината на 20-от век со хипи движењето, кое многу брзо ја изгуби острицата на побуна и стана профитабилен дел на популарната култура, туку во средината на 19-от век и не станува збор за продорот на кинеската и индиската традиционална медицина во западната култура, туку за автонмни западни алтернативни медицини“, смета Башиќ.

За оние со „поевтини влезници“ постои националната верзија на културата на самопомош заснована на лук, сланина, сливова ракија и наративите за „избраниот српски народ“.

„Етиката се заснова на тоа дека поединецоттреба да ги игнорира сите рационални ограничувања, и дека никој не може да им суди на другите што е став кој води до морална анархија и замагленост на разликите помеѓу доброто и лошото. Нема научна вистина, сите мислења се рамноправни, а вистини има колку што има луѓе. Покра тоа, тие се противници на науката бидејќи сметаат дека нејзиниот развој поттикнува уништување на природата и доведува до несклад во космичката рамнотежа. Всушност оваа ‘космичка рамнотежа’ се сведува на јакнење на неолибералната економска политика, недостиг на развиени социјални политики и политики на јавно здравје, како и на морален релативизам кој промовира лична слобода како целосно отсуство на инхибиции и како слобода без одговорност за другите“, заклучува Башиќ.

Слики: Marion Jdanoff

Извор: politika.rs

 

Слични содржини

Општество / Свет / Живот / Теорија
Општество / Став / Живот / Теорија
Општество / Психологија / Живот / Теорија
Општество / Живот / Теорија
Општество / Активизам / Живот / Теорија
Општество / Живот / Теорија
Општество / Живот / Теорија

ОкоБоли главаВицФото