Откуп

07.11.2021 20:37

За откупот да го плати, човек
ќе треба да ги копачи, копа,
и двете ниви чијшто е стопан,
со сечилото на умот, довек.

За тие ниви род да му носат,
класје или пак ружи да дадат,
треба со солзи да се вадат
што од челото сиво му росат.

Прва е Уметност; Љубов втора.
‒ За пресудата блага да биде
на судењето страшно што иде
кога ќе самне последна зора,

ќе треба тој амбар, градба свидна,
со жетви да го покаже свои
чиишто форми, треба, и бои
на Ангели драги да им бидат.

Превод: Влада Урошевиќ

 

Слични содржини

нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна
нема
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото