Протести во Полска - почина жена заради забраната на абортус

09.11.2021 12:58
Протести во Полска -  почина жена заради забраната на абортус

Десетици илјади луѓе, изминатиот викенд излегоа на улиците во Варшава во знак на протест поради смртта на 30-годишната Изабела, жена чијшто живот лекарите го жртвуваа во име на заштита на фетусот. Активистите се јасни во својата порака - Изабела го загуби животот поради речиси целосната забрана за абортус во Полска.

Со пораките „Нема повеќе мртви жени“, „И нејзиното срце чукаше“ демонстрантите се собраа пред полскиот Уставен суд во Варшава и маршираа до Министерството за здравство. Протести имаше и во седумдесетина други полски градови.

Според полскиот закон, абортусот е дозволен само ако бременоста е опасна по живот за трудницата или ако е резултат на силување или инцест, а нелегалниот абортус  се казнува со затворска казна до осум години. Изабела почина во септември, но нејзината смрт беше откриена дури минатата недела. Семејството на Изабела соопшти дека лекарите во болницата каде што починала одбиле да ја прекинат нејзината 22-неделна бременост, иако на фетусот што го носела му недостасувала плодна вода за да преживее.

Лекарите во болницата во градот Пшчина биле со ставот: „да почекаме и да видиме“, иако легално би можеле да ја прекинат бременоста бидејќи тоа го загрозувало животот на трудницата. Поради нивната одлука да чекаат фетусот природно да умре, Изабела на крајот го загубила животот.

„Овде не зборуваме за смрт, туку за убиство. Лекарите ѝ ускратиле на жената медицинска помош бидејќи одржувањето на фетусот во живот било приоритет. Овој ужасен настан ја разоткри реалноста на која предупредуваат феминистките ширум светот, а тоа е дека ограничувањето на правото на абортус ги убива жените. Солидарни сме во тага и гнев со жените во Полска и ве потсетуваме дека сè уште треба да се бориме со сите сили за да го направиме абортусот во Хрватска безбеден, достапен и бесплатен - велат за „Новости“ од хрватскиот феминистички колектив ФАКТИВ.

 Извор: portalnovosti.com

Слични содржини

ОкоБоли главаВицФото