1021 hPa
93 %
3 °C
Скопје - Пет, 14.11.2025 23:59
Овој чија слика ти ја нудам,
чија уметност поук ни дава
како со себе шеги се прават,
тој, читателу, е човек мудар.
Тој може од сè подбив да стори;
сепак, силата со која Злото
од врвот го слика тој, до дното,
за добрината негова збори.
Од смеа негова не ни студи;
Мелмот, Мефисто, кога ги гори
Алекто, се смеат и сè се ори;
но смеа нивна мраз во нас буди.
Нивната смеа, клештење грубо,
преправајќи се, напразно грачи;
од неговата, пак, силно зрачи
кон сите луѓе огромна љубов!
Превод: Влада Урошевиќ