Продавница на месеци

10.11.2021 13:58
Продавница на месеци

Купувачот: Добар ден.

Продавачот: Добар ден, повелете.

Купувачот: Ве молам, пола кило април.

Продавачот: Жал ми е, април веќе немаме, од пролетоска.

Купувачот: А кога ќе има?

Продавачот: Па наминете така, догодина, ќе добиеме цели триесет дена април.

Купувачот: А така. Е па кажете тогаш што имате?

Продавачот: Имаме уште малце септември; имаме октомври и уште ноември и декември.

Купувачот: Хммм. Добро, дајте ми тогаш пола кило октомври. Но ако може од средината, ве молам, да биде посвежо.

Продавачот: Може, може, како не, еве, повелете.

Купувачот: Колку чини тоа?

Продавачот: Три и пол саботи.

Купувачот: Повелете.

Продавачот: Ви благодарам; догледање.

Купувачот: Догледање.

Продавачот: Чекајте, за момент, ве молам. Го заборавивте кусурот. Ми дадовте четири саботи, треба да ви вратам половина сабота.

Купувачот: Добро, дајте ми тогаш во ситно: по два часа вторник и среда и едно неделно утро. Таман ми треба ситниш за телефон.

На сликите е Белиот зајак од „Алиса во земјата на чудата“, од филмот на Дизни

Избор и превод: П. В.


 

ОкоБоли главаВицФото