1018 hPa
61 %
8 °C
Скопје - Чет, 23.04.2026 03:59
Девојка има во куќа света,
секогаш спремна, спокојна сета,
сјајни украси врз неа светат;
сред перничиња, со нозе боси,
градите си ги гали со коси,
шумот на водата мир ѝ носи.
Тоа е соба на Доротеја.
‒ Однадвор вода и морски ветар
испрекинатиот плач го леат,
приспивна песна нејзе ѝ пеат.
Кожата ѝ е со масло сета
натопена и со густа реа
во која амбра и миск се плетат.
‒ Во аголот мреат два-три цвета.
Превод: Влада Урошевиќ