Понор

12.11.2021 14:22

Паскал имал свој понор и со себе го шетал.
‒ Сè е бездна ‒ желбата, сонот и чинот сторен.
Толку пати над косата крената од корен
сум сетил: минува стравот како студен ветар.

Горе, долу, насекаде длабочина зјае,
тишина полна ужас, простор затворен цврсто...
На дното од мојата ноќ Бог црта со прстот
еден грозен кошмар што без почеток и крај е.

Како од голема дупка се плашам од сонот,
не знам, исполнет со гроза, кај води тој понор
и слики на бескрајот од секаде ми идат.

А мојот дух што низ вртоглавици се вие
полн е завист кон Ништото зашто в спокој спие.
‒ На суштества и Бројки зар вечно роб ќе бидам?!

Превод: Влада Урошевиќ

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото