Весели и авангардни - детски илустрации од СССР

12.11.21 13:28

Инстаграм профилот @te_samiye_kartinki, кој го уредува руската книжевна едукативна платформа „Polka“ , првенствено ги прикажува илустрациите на познатите уметници од советската ера, вклучувајќи ги концептуалистите од 70-тите години како Илја Кабаков и Виктор Пивоваров, кои нудат неверојатно чудни интерпретации на неретко мрачните скандинавски приказни.

Ученикот на Казимир Малевич, Валентин Курдов, пак, пленува внимание со авангардната, речиси калиграфска, црно-бела интерпретација на приказната „Рики-Тики-Тави“ од Радјард Киплинг, која датира од 1934 година. 

Од друа страна, Виктор Чизиков, автрот на маскотата Мишка од Олимписките игри во Москва, во1980 година  стана познат токму со неговите илустрации во повеќе од 200 книги за деца, кои ги создал и покрај тоа што имал далтонизам.

 

 

 

 

 На овој Инстаграм профил можат да се видат и илустрации од советски книги кои прикажуваат приказни од целиот свет, како што е збирката сириско-курдски бајки и „Приказни за Френк“, детска приказна од 1971 година што следи едно афро-американско семејство во САД на пат кон протестен марш.

 Еден од ретките претставени современи илустратори е уметникот од Тајланд, Нејти Путаипат, со неверојатно убави цртежи кои ги реинтерпретираат руските народни приказни.

 

 

 

Извор: calvertjournal.com

 

Слични содржини

Технологија / Уметност / Око
Фотографија / Наука / Око / Историја
Активизам / Фотографија / Свет / Уметност / Око
Музика / Око
Живот / Филм / Око

ОкоБоли главаВицФото