Хуго Прат и шареното прасе

07.01.2011 15:39
hugo-prat.jpg
 
Хуго Прат еднаш случајно под една праска се нашол со шареното прасе.
 
- На местово, под праскава, во главата имам некоја чудна праслика на прасвет... - му се обратил Хуго Прат на шареното прасе.
 
- Тоа е заради оваа пра-скапана праска - рекло шареното прасе и на славниот авантурист му раскажало како било: -Кога била млада праскава посакала да стане праскапана, за никој да не и’ ги јаде плодовите. Тогаш наминал славниот скулптор Праксител и и’ кажал на праската: „За една праска да стане праскапана треба многу пракса.“ И си заминал. Оттогаш праскава е бесмртна, иако праскапана и иако под неа се чувствуваат чудни халуцинации што доаѓаат од прасветови... - рекло шареното прасе.
 
 
- Јас колку што знам - рекол Хуго Прат - нашата прасостојба - сеедно дали си праска, прасе, праз или прат - била пра-сос, или пра-супа... Зарем не?
 
- Прасупа, прашупа или прашума, била нашата прасостојба - се пошегувало шареното прасе.
 
- Еднаш се сретнав со Марко Поло, шупакот од времепловската шупа - го прифатил Хуго Прат хуморот на прасето. -И ми кажа тогаш Марко дека неговиот пол е половен! „Знаеш како“, ми вели Марко Поло, „секоја жена ми наликува на амеба која бара полово рамножување... А јас, па, чувствувам некаква полиморфност и полов како да ми е половен...“ „Можеби подобро половен отколку оловен, како на Мида!“, се обидов да го утешам полиморфниот Марко, но... - му рекол Хуго Прат на чудното прасе под чудната праска.
 
- Како поло-играч фатен во половината, Марко Поло... Без можност да се наведне, тој прат, тој стап... Неразделив и грделив (се размножува само по огледала!)... Положбата на Поло, значи, не била баш од полза за еволуцијата... - рекло шареното прасе.
 
- Друг пат, па - рекол Хуго Прат кој патем каснал една од праскапаните праски и дотолку отфлотирал во прасветовите и прасликите - се наоѓам пред тронот на големиот сајбернаут, пилот и кормилар Вилијам Бароуз. И му велам: „И покрај тоа што си качен на трон, ти си тром! Плагијатор си и полтрон! Полутон! Шепкање во мрак и прдеж во прашина! Тоа си ти!“ И тогаш Бароуз ми кажа една чудесна мала приказна која баш збори за нашиов муабет (пра-сос, пра-супа, полово-бесполово...) и просто го поентира! Вака ми кажа Бароуз: „Некој пилот (сајбернаут, кормилар, ко мене:), додека возел, бил полижан од некаков полип што излегол од неговиот сопствен задник!“ Ебаго, прасе! Моеш ли да замислиш такво нешто! Газен полип што го полижуе и голта пилотот! Авто-теличност! Бескрајна јамка! Отелотворена теорија на хаос! Пра-супа, прашупак! - се возбудил Хуго Прат, под праската, пред прасето.
 
- Еднаш Бароуз половина ден, сосема бесполезно, се ѕверел во урнатина од полѕид гледајќи го ползењето на едно полжавче - рекло шареното прасе, обидувајќи се да го смири возбудениот Хуго Прат.
 
- Бароуз беше тежок дрогаш - продолжил Хуго Прат.
 
-Еднаш, во Холивуд, на полден, се преправи во Карл Малден, го начека Вилијам Холден и му рече: „Од тебе полза колку од ламба на полден!“ А Холден збесна. Воопшто не сакаше да го види Карл Малден, кој, па, немаше абер за што станува збор. А тоа, всушност, беше масло (за дневна ламба:) на лудиот дрогаш, Вилијам Бароуз...
 
- А знаеш ли ти дека еднаш, во Плав (Црна Гора), се случило посинетиот син на еден црнец да стане - син! - рекло шареното прасе.
 
- А црнецот посивел од мака, не?, оти посинетиов се плавосал... - прокоментирал Хуго Прат.
 
- И потем потемнел! - рекло шареното прасе.
 
-Посинетиот плавушан толку потемнел што го нарекле Потемкин!
 
(во следното продолжение Хуго Прат раскажува како се сретнале Праксител и Александар Македонски!)
слики: Ruud Van Empel

Ти се клањаме, барду

Ти се клањаме, барду Вулкански, што пишуеш прекрасни зборовници-сликовници за големи деца. Моето омилено парче (ко од најдобрите делови на Саут Парк:) за денес е:
„Некој пилот (сајбернаут, кормилар, ко мене:), додека возел, бил полижан од некаков полип што излегол од неговиот сопствен задник!“ Ебаго, прасе! Моеш ли да замислиш такво нешто! Газен полип што го полижуе и голта пилотот! Авто-теличност! Бескрајна јамка! Отелотворена теорија на хаос! Пра-супа, прашупак!

Едвај чекам да видам како

Едвај чекам да видам како злиот анационалист (европскиот педер) П. Вулкански го сквернави милиот ни Аце Македонски. Веројатно па на хомосексуална основа... Идите си у ге(ј)м клубот, изроди! И таму раскажујте си вакви дрогашки приказни! Ебате Окното! Не идам више тука! Се’ саде халуцинации, трипови, психоделија... (а баш вчера се израдуав коа на Канал 5 го глеав прилогот за стаменото конзервативно семејство на Ѓ. Иванов, баш прекчера потпишуев поддршка за измени на устав - маж и жена мачка печена, така да биде, ко у сите нормални земји (Иран, Судан итн.) и види денес на што налетуем?! На издрогирани хомосексуалци! Нема везе, ќе си држам до зборот: не идам више на Окно, последното ќе ми биде тоа за мил Аце Македонски, да видам како го љуштат педериве...)

Еве линк од тој чудесен

Еве линк од тој чудесен прилог на Канал 5 ТВ:
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=69544

Целиот прилог на Канал 5 е ко

Целиот прилог на Канал 5 е ко брилијантна музичка партитура! Глејте го само овој вознесувачки (а сепак мирен и обичен) улаз:
Пијано, неодолив звук на акустична гитара, незаборавниот саксафон, џезот што го слушнав, ми беше само најава дека влегов во дом со душа. Модерна, но не ладна, резиденција а всушност обична куќа.

Глејте ја и оваа навидум

Глејте ја и оваа навидум обична а толку топла и неодолива изјава на нашиот президент:
Кај и да сте пред Божиќ и по Божиќ дома да сте. Така важи за нас. Секогаш на тој ден имаме посебна вечера кога ги практикуваме сите обичаи на нашето семејство. И тоа е еден од највозвишените денови во годината кога си ги посакуваме сите желби, вели Ѓорге Иванов.

Традицијата од дедовците и

Традицијата од дедовците и бабите во нивниот дом останале автентични. Магијата на старите обичаи ги прави овие моменти свети и само нивни. Плени скромноста кај овие луѓе.

Еј, Фан на Ѓ.И., извини што

Еј, Фан на Ѓ.И., извини што ти улетуем, али ја сум фан на Трајко Вељановски и очајнички барам еден сличен ТВ прилог со неговото семејство. Ги молам сите поштени Окнаши да го линкираат тој прилог, ако икако е могуќе...
Бескрајно благодарен, однапред!
И поздрав до сите фанови на нашите навидум обични а толку топли и неодоливи раководители! (со семејствата:)

Уште една прекрасна навидум

Уште една прекрасна навидум топла и визионерска изјава на незаборавниот главолом шампион од 2009 година:
Нашите родители го пренеле на нас и ние сега преку овие празници го пренесуваме на синот. А тоа е да се почитуваме и да бидеме заедно и да мислиме на иднината пред нас, вели Ѓорге Иванов.

Ова е најјакиот дел кој

Ова е најјакиот дел кој прекрасниот новинар (навидум тотален идиот, а заправо само имбецил) во својата бележница го шифрирал под „Претседателска инсомнија“:

-Проблемите кои ги има нацијата, го мачат и Иванов.

-Не е лесно да се заспива со проблемите на нацијата.Некогаш поминувам цели ноќи во размислување и во читање на книги и разни анализи.

Крајот на оваа новинарска

Крајот на оваа новинарска музичка партитура потпишана од неодоливо топлиот (ко брат, ко погача, ко свежо искористен куртон) Ѓорги Томиќ, исто така е прекрасен (не навидум, не наизглед, туку ваистину прекрасен!)
Душата на ова семејство е во музиката, така и ги оставив секој покрај својот инструмент и во омилениот дел на претседателската вила –Македонија.

Ало, фанови! А му го видовте

Ало, фанови! А му го видовте ли зелениот џемпер у V израз на мојот идол, вчера?! Гомна да јадат вашите идоли у однос на стајлингот на мојот!
Добро, она шталана на малиот Исус (ало Ѓорги Томиќ! Исус - а богами и Христ - се пишуе со голема буква!), што претседателката Маја ја купила у Ерусалим стварно е раритет да не кажам антиквитет, али Грујо ипак е незаборавен (до лудило топол и неодолив) коа станува збор за стајлинг, стил и вкус... Ко што сум се узбудуел од џемперчињата, маиците, панталончињата и патичињата на Милиот-Малиот (т.е. Страшниот-Големиот) - никад! Грујо - стајлиш закон!:)
А што викате, фанови, да се здружиме у фан клуб на обожаватели на раководители?!

Јас, па, толку се возбудувам

Јас, па, толку се возбудувам од стилот и вкусот на Малиот-Големиот што ми иде да станам најголем антички Македонец што ќе ја предизвика Грција на војна - за со пар добро одмерени бомби да го слистат од лицето на земјата (милите ни Грци, на кои после за тоа споменик би им подигнале) скопскиот плоштад - па да си бидеме раат од вкусот и стилот. Озбилно, би им помагал на грчките авиони одоздола, со локатори и други издајства и се’ што треба, оти не се трпи онаа слика на плоштадот... Денес поминав и крај тн. Триумфална капија, цела улица зафатиле, све им јебем изродбеничко...

Да се пријавиме у грчка

Да се пријавиме у грчка војска, за пак да им ебеме матер на Егејците?! Хм.

Поедноставно е, браќа шпиуни,

Поедноставно е, браќа шпиуни, да фатиме шума со браќата Албанци и во новиот Рамковен ултимативен услов да биде рушење на скопскиот плоштад. Другото више-мање. Мислам дека бригада од 1000 браќа Славо-Македонци&Албанци би можеле да ја спичка изродбава ко дечија ѕвечка.
Ако ни тргне, после можеме и накај Солун да фатиме!!! Има и таму многу народ за ослободуење!

Вие се зафркавате, ама мене

Вие се зафркавате, ама мене работава ми влече накај тажно. Во која европска земја постои ваков раритен раководечки трилинг: Грујо-Трајко-Ѓорге?! Луѓе! Македонци! Македонија е дно! Вакви муцки, ваков животен стил и култура имаат раководителите во Чеченија, Казахстан, Азербејџан итн. Македонија нема ронка од Европа! Македонија е најтемниот задевропски (налик на задкавкаски) вилает! А тоа што народот сепак сака во Европа, не е зашто таму припаѓа, туку зашто очајнички се обидува да се спаси од раководните муцки од типот на нашиов бисерен сељачки трилинг! Им фалат само мустаќи и калашњикови во рацете за сликата да биде комплетна! Срамота е! Не е смешно! Брука е вакви билмези (да е еден, да се два, да се три...) да водат кобајаги европска земја...

А да, да го пофалам

А да, да го пофалам иницијаторот на расправава, велечесниот Вулкански, за трипот. Моето омилено парче е медитативно, мирно, женско:)
- Еднаш Бароуз половина ден, сосема бесполезно, се ѕверел во урнатина од полѕид гледајќи го ползењето на едно полжавче - рекло шареното прасе, обидувајќи се да го смири возбудениот Хуго Прат.

И лицето БЦ у чајџилница не

И лицето БЦ у чајџилница не беше лошо. Како само климаше со глава, полн со разбирање... Но, бојата на чајот сумЉиво потсетуваше на „Џони Вокер“.

Анонимен немој да вреџаш, јас

Анонимен немој да вреџаш, јас бев таму. Тоа беше Чивас Регал. Наш Бране, нашиот месија, оној де на кој цело Окно му беше на митинг да му оддаде почит, не пие такво смрдено најефтино виски! Пие Чивас како што му доликува, на еден државник, на еден визионер, на еден спасител од оваа ненародна фашизоидна фамилијарна тиранијаааааа. Не се издржува веќеееее, врати се Бранче и тури го Гомналф Ромулански за министер за култура!

Многу убав текст брату мој

Многу убав текст брату мој Пандалф.

без вулгарностите текстов е

без вулгарностите текстов е просечно дело наменето за второодделенци.

Imam vpecatok deka eden ist

Imam vpecatok deka eden ist lik so inicijalite N.G. e avtorot na site ovie "navodno" razlicni komentari. Ne mislam na Nikola Gruevski.

Јеботе Кољо Пандалфе, многу

Јеботе Кољо Пандалфе, многу си даун... уствари како поинаку ке ти го прочитаат окнашите обидот ако не со самореклама(читај коментари),а не си Умберто.Изгледа си у депресија а? Не бива, сам си се стаи у политиканство... додуше ова не проаѓа ионака, а не па као обид. Мрко ми е , нема ни збор за твојов беден ...обид

Bog da cuva!!!

Bog da cuva!!!

ОкоБоли главаВицФото