1012 hPa
39 %

24 °C
Скопје - Саб, 19.04.2025 16:59
Не давај твоите пламни да згаснат,
згреј ми го срцето, нему му студи,
мако за душите, о желбо страсна!
Diva! Supplicem exaudi!
Огну што в нашето подземје гориш,
Божице што низ воздухот се вееш,
спаси ја душата што мрак ја мори,
во твоја чест таа песна ти пее.
Желбо страсна, биди кралица моја!
Земи го видот на сирена, која
е сета од сомот и од плот жешка
или приспивната напивка тешка
влеј ми ја во виното ум што мати,
желбо, ти облику што не си фатлив!
Превод: Влада Урошевиќ