„Парите се единствениот Бог“ - анимација

17.11.21 13:22

Бескраен круг на линии, украсни мотиви, амблеми и историски личности се спојуваат во хипнотичката анимација на режисерот Лахлан Турчан (Lachlan Turczan) од Лос Анџелес. Во комбинација со песната на Блејк Милс „Money Is The One True God“, ова музичко видео се состои од  компилацијата на шарени парчиња валута од 23 земји кои датираат од 1800-тите до денес. Тука се вклучени и портретот на бунтовничкиот водач Семјуел Шарп на банкнотата од 50 долари од Јамајка, гравурата на Теночтитлан на банкнотата од 100 пезоси и калеидоскопско зајдисонце на кинеските 5 јуани. Видеото покажува како еволуирале поимите за вредност со текот на времето.

„Истражувањето води кон индустријализација, чудата на светот се заменуваат со деловни згради, а иконите на слободата стојат во целосна спротивност со сликите на ропството. Проектот кулминира со колективните очи на сите светски лидери кои зјапаат во публиката“, вели режисерот Турчан.Извор: thisiscolossal.com

 

ОкоБоли главаВицФото