„History of motherfuckers“ вечерва на МОТ

19.11.2021 13:16
„History of motherfuckers“ вечерва на МОТ

Во киното „Фросина“ во Младинскиот културен центар вечерва во 22 часот ќе биде изведена претставата „History of motherfuckers“ инспирирана од Шекспировото дело „Кориолан“, а во режија на Андраш Урбан. Претставата на Народниот театар од Битола ќе биде изведена во рамките на фестивалот „Млад отворен театар“.

„Претставата не е политика. Претставата се занимава со човекот и неговата заедница. Претставата е борба. Хумана борба. Никој не го сака Кориолан. Ни Шекспировата драма, ни ликот. А тој е вистинит и искрен. Потајно сите се согласуваме со сѐ што кажува. Но едно е сигурно. Тој не е ние. Тој за нас кажува она што ние за себе не смееме“, вели режисерот Урбан.

Во претставата играат: Иван Јерчиќ, Никола Пројчевски, Соња Михајлова, Викторија Степановска-Јанкуловска, Сандра Грибовска. Костимите се на Благој Мицевски, а сценографијата на Валентин Светозарев. Во претставата се вклучени и музичарите Александар Димовски и Славчо Јовев.