1019 hPa
57 %

25 °C
Скопје - Пет, 20.06.2025 08:59
Ме убива ансамблот
на карикирани уметности
на зачмаени алкохоличари
се чувствувам како пинѕур
без панцир на градите
без панцир на ушите
како џунџуле во мравјалник
како ровја што фрка во граор
да се счудо(не)видам и
вјасам без клише
камерно опскурен по брегот
со црна судба и
сива лиџба
а сепак ламентирам со фелах и
без никаква надеж
за ансамблот што убива.