Бразил: Марксистка за претседателка

10.01.2011 11:39
Дилма Русеф

Поранешната герилка Дилма Руселф, која порано се бореше за идеите на марксизмот, во редовна и вообичаена демократска постапка ги победи своите противници, а како новоизбрана прва дама на Нова година се заколна дека ќе ја искорени сиромаштијата и ќе се бори за поправедна држава. Во 1970-те таа ограбуваше банки, а денес стана претседателка.

По потекло од соседна Бугарија, Русеф во 1970-те учествуваше во неколку грабежи на банки. За време на диктатурата била затворана и измачувана.

„Тој тежок пат ме научи да го ценам и сакам животот повеќе отколку кога не би поминала низ сите тие настани. Од тоа искуство излегов похрабра и поспособна да се соочам и со поголемите проблеми. Со таа храброст ќе го водам Бразил“, изјави 63-годишната претседателка на Бразил.

Во својот кабинет од дури 37 министерства Русеф доведе девет жени, што претставува најголемиот број жени кои некогаш седеле во министерските фотелји на оваа јужноамериканска земја, додека по примерот на либискиот претседател Моамер Гадафи за личната безбедност исто така ангажираше одред составен од жени.

„Најрешително ќе се борам да ја искоренам сиромаштијата и да ја развијам оваа земја во поправедно општество. Нема да се одморам сè додека постојат Бразилци беа храна на масата, бездомници и напуштени деца на улиците“, најави таа.

Иако порано жестоко се залагаше за марксизам, денес Дилма Русеф се залага за капитализам и демократија. Нема ништо против истополовите бракови, земјоделските реформи, слободата на печатот и на верописповеста, а се противи на легализација на лесните дроги и смртната казна.

Извор: lupiga.com