„Договорена вонредна инспекција“

26.11.2021 17:29

Од Државниот инспекторат за транспорт ќе доставеле писмен допис за, внимавајте, да закажат термин за вонредна инспекција на Беса Транс!

Кога вчера тргнале да ја вршат вонредната инспекција никој не им отворил. (Какво изненадување!?)

Затворени биле канцелариите и во Скопје и во Тетово, а на инспекторите никој не им кревал ни на телефон. (Многу тешко беше да се предвиди ова однесување на компанијата, навистина сме запрепастени!)

И сега писмено ќе се усогласат кога да биде договорена вонредна инспекција.

„Договорена вонредна инспекција“. Ако ви звучи како оксиморон, тоа е само зашто вие, за разлика од господата од овој Инспекторат, сте луѓе разумни... што навистина не знам дали е среќна или несреќна околност во ова опкружување.

Катарина Синадиновска, Фејсбук, 26.11.21.

 

ОкоБоли главаВицФото