1014 hPa
66 %
10 °C
Скопје - Вто, 19.03.2024 13:21
Додека се возела дома од работа, пред пет години, една млада жена во северна Калифорнија, била толку депресивна што можела да мисли исклучиво на тоа како да стави крај на својот живот. „Не можев да престанам да плачам“, се сеќава Сара, која сега има 38 години. „Помислата што ме обземаше цело време беше да слетам веднаш од патот право во мочуриштето, да се удавам“.
Таа успеала да се врати дома, но набрзо се вратила да живее со родителите, бидејќи лекарите сметале дека не е безбедно да се живее сама. Не можела повеќе да работи, па дала отказ во компанијата која се занимавала со здравствена технологија.
Испробала различни третмани: лекови, месеци во дневниот престој во болница, електроконвулзивна терапија, транскранијална магнетна стимулација. Но, како што е случајот со една третина - или повеќе - од 250 милиони луѓе во светот кои страдаат од депресија, симптомите продолжија.
И тогаш Сара стана првиот учесник во една необична студија за експериментална терапија. Сега таа ја држи својата депресија под контрола толку добро што тргнува на курс за анализа на податоци, се преселила во сопствен стан и се грижи за нејзината мајка, која паднала. „Само за неколку недели, самоубиствените мисли исчезнаа“, вели Сара, која го кажала своето име , но не и презимето за да ја задржи приватноста. „Следуваше еден постепен процес, при кој како да добив нови очила преку кои ќе го гледам светот.“
Научниците од Универзитетот Калифорнија, во Сан Франциско, во мозокот на Сара инсталираа уред со големина на кутија за кибрит што работи на батерии - еден вид „мозочен песмејкер“, велат тие - дизајниран да детектира повторливи шеми на мозокот кога таа е депресивна. Тогаш тој испраќа импулси на електрична стимулација за да ја одбегне депресијата.
Дванаесет дена откако уредот на Сара почнал да работи во август 2020 година, нејзиниот резултат на стандардната скала на депресија паднал од 33 на 14, а неколку месеци подоцна, бил под десет, што означува ремисија. Тој уред ја истера депресијата и ми овозможи да се вратам самата кон себе и повторно да го изградам својот живот“, вели Сара.
Ова е првиот документиран случај на персонализирање на техниката наречена длабока стимулација на мозокот, со цел успешно лекување на депресијата. Потребни се уште многу истражувања пред да стане сосема јасно колку овој пристап може да биде ефективен и на кои пациенти може да се применува.
Длабоката мозочна стимулација се користи во лекувањето на Паркинсоновата болест и неколку други нарушувања, но американските регулатори сè уште не ја одобруваат за депресија, бидејќи резултатите од студијата сè уште се неконзистентни. Две истражувања беа прекинати во последните десет години бидејќи стимулацијата не делувала подобро од плацебо ефектот.
Но овие студии не беа таргетирани прецизни локации или модели на електрична активност во човечкиот мозок. Тоа беше пристап „една големина за сите“, вели д-р Дарин Доерти, директор за невротерапија во Општата болница во Масачусетс, кој работел на едно од прекинатите истражувања.
„Депресијата кај една личност може да изгледа сосема поинаку од депресијата кај друга“, вели д-р Кетрин Скангос, професорка по психијатрија на UCSF и авторка на извештајот за случајот на Сара. Додека длабоката мозочна стимулација главно се применува цело време, уредот на Сара овозможува примена на шест секунди кога препознава шеми поврзани со депресија. „Целта е стимулацијата да ја промени активноста на мозокот и да доведе до поздрави модели за да се намалат симптомите на депресија“, вели д-р Доерти.
Сара продолжила да зема и психијатриски лекови, а стимулацијата не ги елиминирала и активностите кои кај неа ја предизвикуваат депресијата. Но сега може подобро да се носи со болеста; порано не успевала да носи и најмали одлуки, како на пример што да јаде.
Околу 30 отсто од луѓето со депресија не реагираат на стандардните методи на лекување, или нусефектите им се многу неподносливи и непријатни. Но длабоката стимулација на мозокот чини десетици илјади долари, а операцијата за вградување на уредот носи и ризик од инфекции.
„Наша задача е да утврдиме кога некој е подготвен за ваков вид на интервенција“, вели Хелен Мејберг од Школата „Ајкан“ во Њујорк. Во текот на дванаесетте месеци, бројот на случаи во текот на денот кога апаратот на Сара открил депресија во нејзиниот мозок се намалил, но сепак и понатаму е значаен, објаснува д-р Скангос.
Уредот е калибриран така што Сара не може физички да ја почувствува стимулацијата, иако верува дека точно знае кога се случува, бидејќи токму тогаш развива „емоционална дистанца“ што ги држи негативните чувства „затворени некаде“, вели таа.
Едно од прашањата е дали резултатите на Сара ја поддржуваат теоријата дека кратката стимулација на местото каде што започнува депресијата е успешна бидејќи го спречува мозокот да се навикне на терапии. „Или, дали потребата на Сара од повеќе мали дози секој ден може да значи дека постојаната стимулација би била уште поефикасна“, вели д-р Самир Шет, професор на Медицинскиот колеџ Бејлор во Тексас. Наушниците сметаат дека ќе поминат уште години пред да биде одобрена оваа постапка за лекување депресија.
Сара вели дека сега „успева да ги види и убавите работи во светот, а кога бев депресивна го гледав само она што е грдо“.
Извор: Ihe New York Times