1015 hPa
86 %
1 °C
Скопје - Сре, 21.01.2026 15:59
Признај го гревот
признај си себеси;
визија
на совршена песна
во ноќта
кога пците
лаат со муцките издигнати кон небото;
признај, поету
дека не си веќе бремен
дека твоето првенче
не се роди,
признај!