„Мигранти“ - анимиран филм за една поларна мечка и нејзиното младенче

29.11.21 20:16

Фасцинантниот анимиран филм со силни социјални коментари и техничка умешност, насловен „Мигранти“ ги истражува потресните последици од климатската катастрофа. Анимацијата е соработка помеѓу студентите по анимација од петта година, Зое Дивиз, Хуго Каби, Антоан Дуприез, Обин Кубијак и Лукас Лермит, кои моментално се запишани во француското училиште 3D Pôle - се фокусира на едноставна приказна: мајката поларна мечка и нејзиното младенче бегаат од своето арктичко живеалиште додека ледените брегови од стиропор се распаѓаат во водата и нивниот некогаш замрзнат дом станува непогоден за живеење. Тие наидуваат на нечувствителните кафеави мечки во бујната, зелена клима, додека се борат да преживеат.

„Мигранти“ со ликовите направени од плетиво ги прикажува тешкотиите со кои се соочуваат бегалците кога се раселени поради такви настани. Во едно интервју кое се занимава со нивниот процес, режисерите рекоа:

„Знаевме дека сакаме да направиме краток филм за општеството и актуелните прашања. Во 2018 година, имаше контроверзи за бродот „Аквариус“, кој спасуваше мигранти во Средоземното Море, но ниту една земја не сакаше да дозволи бродот да застане во нејзините пристаништа. Бевме трогнати од ова, и бевме инспирирани од овој настан како тема за нашиот филм. Така направивме приказна за прашањето на миграцијата, но со темата за глобалното затоплување. Со поларни мечки како наши главни ликови, бидејќи тие се едни од најпогодените видови од климатските промени“. 

Извор: thisiscolossal.com

Слични содржини

Живот / Филм / Око
Фотографија / Екологија / Око
Активизам / Екологија / Уметност / Око
Уметност / Око

ОкоБоли главаВицФото