Читам, значи постојам

30.11.2021 12:43
Читам значи постојам

Четиринаесет факти од историјата на книгите, кои  продолжуваат да нè забавуваат и образуваат. 

 

1. Никогаш доволно книги. Се проценува дека до денес се објавени околу 135 милиони книги, а тој број расте секоја година. Само во САД секоја година се издаваат околу еден милион нови наслови.

 

2. Најстарата книга со повеќе страници е пронајдена на територијата на денешна Бугарија и потекнува од 660 година п.н.е. Составена е од шест страници и е опточена со 24-каратно злато. Книгата содржи запис на етрурски јазик, кој до денес историчарите не успеале да го протолкуваат.

 

3. Старите Римјани пишувале на папирус или на штавена животинска кожа. Тие „листови“ подоцна ги спојувале во големи свитоци кои биле тешки за отварање и држење во раце. Затоа почнале да ги редат едни врз други, помеѓу дрвени штици што е претходник на тврдите корици.

 

4. Револуција во цената и големиот раст на продажбата на книгите, но и во порастот на продажбата на очила за читање, донесе печатницата - изум на Германецот Јохан Гутенберг. Првата масовно печатена книга во Европа била Библијата во 1455 година. До денес се сочувани дури 48 нејзини примероци.

 

5. Најскапата продадена книга на сите времиња е „Лестерски кодекс“ од Леонардо да Винчи;настанала во 16-иот век иво неа се поместени бројни научни поставки, скици и белешки на да Винчи. За 30,8 милиони долари ја купил американскиот милијардер Бил Гејтс во 1994 година. Денес нејзината вредност се проценува на 49,5 милиони долари.

6. Најголема библиотека во светот е Конгресната библиотека во Вашингтон која содржи 164 инвентарни единици меѓу кои има книги, сведоштва, звучни записи, фотографии, мапи – напишани на 470 различни јазици. Полиците на кои се чува сиот овој материјал се долги вкупно 1350 километри.

 

7. Најобемната книга на светот не би ја собрало на вашата маса. „Трипитака“ - книгата на будистички учења њ печатена на 730 мермерни плочи, високи по метар и половина и кои ја опкружуваат пагодата во Катдау во Мјанмар. Написите биле изработени во шеесетите години на 19-от век.

 

8. До 12-иот век, книгите биле вистинска реткост и главно ги краселе ѕидовите на манастирските библиотеки. Биле рачно пишувани со гускино перо, за да ја препише Библијата на еден калуѓер му било потребна околу една година. Овие богато украсени книги се познати како илуминарни или живописни ракописи затоа што во нивната изработка се користел премаз од злато и сребро.

 

9. Се чини дека книгите што ги читаме за забава стануваат сè подолги. Истражувањата покажале дека во 1999 година, најпродаваната книга имала 320 страници, а во 2014 година дури 407 страници.

10. На врвот на списокот на највредни читатели се жителите на Индија зашто во просек читаат 10 часови неделно. Денес околу 85 отсто од светското население е писмено во споредба со 32 отсто од пред еден век.

 

11. За некој што многу и често чита погрдно се вели дека е „книшки молец“. Во другите јазици за пасионирани читатели се вели „книшки црви, глувци или стаорци“. Овие погрдни изрази доаѓаат од времето кога библиотеките привлекувале ситни инсекти и глодари кои буквално ги голтале книгите.

 

12. Наскоро ќе може да се читаат книги без да се отворат. Имено, во тек е развој на напредни камери кои со нискофреквентни зрачења ги скенираат слоевите на хартија и го читаат текстот на неа. Оваа технологија ќе овозможи да се читаат стари книги кои поради староста се премногу чувствителни и порозни.

 

13. Некои луѓе не можат да му одолеат на купувањето нови книги. Често тие непрочитани завршуваат на полиците. Оваа појава е толку честа во Јапонија што тамошните потрошувачи измислиле и збор „цундоку“ што значи да се трупаат книги без да се прочитаат.

 

14. Во светот на книгите, планетарно чудо е серијалот на книги за Хари Потер на писателката Џоана К. Раулинг со продадени над 450 милиони примероци. Сепак, најпродаван роман во историјата на светската книжевност е шпанскиот класичен роман „Дон Кихот од Манча“ на Мигел де Сервантес, кој досега, во различни изданија го купиле повеќе од 500 милиони читатели.

Слики: Stephen Doyle

Извор: politikin-zabavnik.rs

 

ОкоБоли главаВицФото