Вкупната бројка на починати во пандемијата е многу поголема

02.12.2021 12:54
Вкупната бројка на починати во пандемијата е многу поголема

Наспроти широко распространетото мислење дека „лекари им плаќале на луѓе да се пишат дека починале од КОВИД-19“, всушност вкупната бројка на починати во пандемијата е многу поголема.

Процентот на прекумерна смртност во Македонија е 62% - втор највисок во Европа, по Косово, а седми во свет (од 111 земји). Пандемијата до 1 октомври одземала 12К животи повеќе од предпандемискиот просек.

Да појаснам дека ова не се официјалните бројки на лица починати од КОВИД-19, туку податоци од Државниот завод за статистика. Тука тешко може да се скрие било што. Ако годишно пред пандемијата во Македонија умирале околу 20.000 луѓе во просек, ништо - освен пандемијата - не може да објасни зошто во 2020 умреле 25.755 лица, т.е. скоро 6000 повеќе. Бројките за 2021 покажуваат веќе дека во првите три квартали имаме 21.630 починати лица.

Во оваа бројка на „одвишна смртност“ влегуваат:
- луѓето починати директно од КОВИД-19 (детектирани и недетектирани)
- луѓето починати од пост-КОВИД-19 последици
- луѓето починати од други болести со неадекватна здравствена заштита поради преоптеретеност на здравствениот систем во брановите (за жал, нивниот број допрва ќе расте)

https://github.com/dkobak/excess-mortality