Пркосиме за еднаквост: Ние сме повеќе од безгласни суштества!

03.12.2021 13:32
Пркосиме за еднаквост:  Ние сме повеќе од безгласни суштества!

Денеска во Скопје се одбележува 3 декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, а воедно и 10-годишнина од ратификација на Конвенцијата на Обединетите Нации за права на лицата со попреченост.

„Ние сме повеќе од безгласни суштества“, „Нашето заедничко име е ЛУЃЕ“, „Знам да љубам и кога губам“ се само дел од пораките кои ги упатија лицата со попреченост по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост – 3 декември.

Иницијатива за подигање на свеста за лицата од ранливите категории граѓани, покрената од Икуалити и Пркос, Здруженија за промоција и заштита на правата на лицата со попречености.

Учесници во видеото се: Васил Јанкула, Беира Салифоска, Александар Матовски, Марија Савеска, Кристијан Лазарев, Дени Жерновска, Гере Трипков и Ирена Поповска.

Слични содржини

Општество / Активизам / Култура / Теорија / Историја

ОкоБоли главаВицФото