Дали луѓето се природно моногамни?

06.12.2021 13:42
Дали луѓето се природно моногамни?

Луѓето сексуално не се моногамни (немаат само еден сексуален партнер во одредено време) на начинот на кој се моногамни многу видови птици. Гуските, да речеме, избираат партнери за цел живот и буквално никогаш не се парат со никој друг освен со својата „сродна птица“.

За разлика од нив, луѓето се општествено моногамни“ животни - како што биолозите нè нарекуваат - што значи дека обично живееме во парови, но нашите врски не се трајни и во нивните рамки често има „секс отстрана“.
Постојат три основни објаснувања за развојот на тој тип моногамија кај нашиот вид, а еволуционите биолози уште не успеале да се усогласат околу тоа кое е пресудно.

Прво, нашите бебиња се раѓаат прилично беспомошни, та им се потребни многу нега и внимание. Во таа смисла стабилен пар родители можат полесно да го поделат товарот на родителството и да им помогнат на бебињата повеќе отколку самохраната мајка или татко.

Второто објаснување се однесува на љубомората на мажите кои сакаат да останат во близина на своите партнерки за да ги спречат во изневерувањето или напуштањето, со што би ги спречиле другите мажи да ги пренесуваат своите гени.

Третото објаснување ја разгледува општествената моногамија како можна женска стратегија со помош на која жените сакаат да ги спречат мажите во убивањето на децата за кои сметаат дека не се нивни.

Во секој случај, моногамијата воспоставена во нашиот вид ни дала еволутивна предност оти ја зголемува веројатноста за успешно одгледување на младенчињата. Тоа нè издвоило од другите цицачи кај кои таа е мошне ретка: помалку од десет отсто на видовите се моногамни, што е занемарливо малку во споредба со деведесет отсто видови птици кои се врзуваат за цел живот.

Слики: Brian Kershisnik
Извор за текстот: Политикин забавник

 

ОкоБоли главаВицФото