Поезија на Јидиш

07.12.2021 11:18

Азбуко на пустината! Музико на германските
музи! Те читам во превод. Те читам
на руски.
Меѓу осамените согласки
оази за избраните. Гаснат знамињата
над семантичките празнини.
Жртвен јарецу! Крвнику на Рим! Сол
од Црвеното море и јод од балтичкиот ветер
садиш во земјата
на златното православие. Во паузите
помеѓу погроми и чистки кршиш
тронови,
застрелуваш цареви. Напразно. Обележани
со крв ѕидовите го чекаат твојот плач.
Оловни рудници се приземјуваат
во твојот череп. Поезијо на листови
истргнати од трговските книги. Искашлани
во подземните читални на Лубјанка.
Исклесани во чистиот сибирски воздух.
Те учам од дланките на московските книги.
Пред да ги склопам во молитва
ги забележувам
последиците од тајниот разговор. На
десната слепоочница песок. Во снегот, во
левата, Пушкин застрелан.

1982.

 

Превод: Софија Грандаковска

Александар Петров (1938-2019) објавил десетина стихозбирки поезија во Југославија и Србија, но неговото поетско творештво е застапено во десетици антологии на светската, европската, руската и српската поезија. Песните му се преведени на 29 јазици.

Објавил и четири романи и неколку книги-студии и критики на српски, руски, англиски и кинески јазик.

 

Слични содржини

Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна
Секој ден песна

ОкоБоли главаВицФото